Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Nissan го претстави новиот Qashqai
 
Spodeli
07 November 2013, 22:09


Nissan го претстави новиот Qashqai Nissan Qashqai Nissan го претстави новиот Qashqai
Втората генерација обезбедува повеќе простор, динамика, рационалност и изгледа како мал X-Trail...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Qashqai е дефинитивно едeн од лидерите во crossover сегментот, a за тоа говори и самиот факт што од 2007-ма до сега од ова возило се продадени дури два милиони примероци. Втората генерација, која беше претставена денес, со продажба ќе започне во јануари 2014-та, по за сега непозната цена.

Во споредба со претходникот, новиот модел е подолг за 4,9 сантиметри, поширок за 2, а кровот е понизок за 1,5 сантиметри. Зголемувањето на димензиите ќе обезбеди дополнителна доза на комфор во внатрешноста, но од друга страна, овој потег го означува и крајот на +2 изведбата, која овозможуваше две дополнителни седишта во багажниот простор. Задолжително мора да се споменат бројните системи за асистирање при возењето кои придонесуваат да се зголеми безбедноста на патниците, што само дополнително го потенцира комфорот кој произлегува од подобрата искористеност на просторот. Се’ ова е заокружено со блага доза на "downsizing", поради која вкупната тежина на возилото е намалена за 40 kg, а тука е и поефикасниот мотор. Најекономичната изведба ќе ја намали емисијата на CO2 на 99 g/km.

При дизајнот на каросеријата, Јапонците оделе на сигурно. Без експериментирање со новите, „вселенски“ трендови, задржани се чистите линии при што акцентот е ставен на практичноста. Очигледни се и употребата на материјали со висок квалитет, како и повисокото ниво на завршна обработка.

Во понудата на мотори се наоѓаат два турбо-бензински и два турбо-дизел мотори. Основниот бензински агрегат 1,2 DIG-T развива 115 КС и 190 Nm, со просечна потрошувачка на гориво од 5,6 литри. Посилниот 1,6 DIG-T располага со 150 КС и 240 Nm, со потрошувачка на гориво од 5,8 литри. Добро познатиот дизел мотор 1,5 dCi со 110 КС троши само 3,8 литри гориво, додека поголемиот 1,6 dCi со 130 КС има потрошувачка од 4,2 литри.

Повеќе фотографии од новиот Qashqai, погледнете во галеријата подолу...

 

Nissan Qashqai
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил