Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Lamborghini го претстави Veneno Roadster
 
Spodeli
21 October 2013, 22:32


Lamborghini го претстави Veneno Roadster Lamborghini Veneno Roadster Lamborghini го претстави Veneno Roadster
Lamborghini официјално претстави уште еден ексклузивен модел, со кој го одбележува 50-годишниот јубилеј од своето постоење...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Овој пат станува збор за автомобилот наречен Veneno Roadster кој ќе биде произведен во само девет примероци, а цената ќе изнесува околу 3,3 милиони евра, без вклучени даноци.

Производителот го опишува моделот како "прототип на тркачки автомобил без покрив". Инаку, Veneno Roadster е придвижуван од 6,5 -литарскиот V12 мотор на Aventador со моќност од 750 КС, кои на сите четири тркала се пренесуваат со помош на ISR трансмисијата. Овој агрегат обезбедува забрзување до 100 km/h за 2,9 секунди и максимална брзина од 355 km/h.

Моделот тежи 1.490 kg а за релативно малата тежина "виновни" се карбон фибер елементите од кои е конструиран поголемиот дел од каросеријата.

Дизајнот е екстравагантен како што и доликува на специјална изведба од Lamborghini, а на крајот да додадеме и дека производството на споменатите девет примероци ќе започне следната година.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил