Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Нов Dacia Logan MCV: Голем караван по мала цена
 
Spodeli
15 October 2013, 21:17


Нов Dacia Logan MCV: Голем караван по мала цена Dacia Logan MCV - old Нов Dacia Logan MCV: Голем караван по мала цена
Освежувањето на својата понуда, Dacia го продолжува со лансирање на новиот Logan MCV, односно моделот кој производителот го нарекува "голем караван по мала цена"...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од почетокот на продажбата во 2006-та година, во околу четириесетина земји се продадени приближно 340.000 примероци од овој автомобил, па поттикната од моќниот feedback на пазарот Dacia одлучи да го лансира новиот Logan MCV.

Исто како и новите Logan и Sandero, новиот Logan MCV може да се пофали со модерен екстериер во каравански облик и привлечен ентериер. Автомобилот е рационално и практично изработен, така што во пространата внатрешност удобно можат да се сместат пет возрасни патници, додека пак багажниот простор нуди капацитет од 573 литри (со можност за транспорт на предмети долги до 2,7 метри).

Во основниот пакет на опременост Dacia Logan MCV нуди значаен комфор, сигурност и практични подобрувања како што се: ЕСС, серво волан, странични воздушни перничиња и преклопување на задната клупа во сооднос 2/3 и 1/3. Новата опрема вклучува и мултимедијален систем MediaNav, ограничувач на брзина, задни паркинг сензори и "Еcо" функција на возење.

Вреди да се спомене и штедливата моторизација - дизел моторите имаат потрошувачка на гориво од околу 3,8 l/100 km. Инаку, неодамна токму Logan MCV во Германија беше прогласен за најприфатлив автомобил во категоријата за возила поевтини од 10.000 евра.

 

Dacia Logan MCV - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил