Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > "Ризикот од пожар е пет пати поголем кај бензинците"
 
Spodeli
07 October 2013, 22:34


"Ризикот од пожар е пет пати поголем кај бензинците"  "Ризикот од пожар е пет пати поголем кај бензинците"
Огнот што минатата недела речиси во целост го зафати автомобилот Tesla Model S предизвика вистинска фама кај медиумите и љубителите на автомобили...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Видео клипот кој го обиколи светот го покажува американскиот седан во пламени јазици, а околу него се собрани пожарникари кои со сите сили се борат да го изгаснат огнот. Инцидентот предизвика пад на вредноста на акциите на Tesla и голем интерес во јавноста.

Поради ова, веднаш реагираше и првиот човек на компанијата, Илон Маск, кој во официјалното обраќање истакна дека тим на експерти ќе го испита овој "необичен случај ", притоа потенцирајќи дека Model S е исклучително безбеден автомобил.

Металниот објект кој отпаднал од камион и пробил низ 0,65 cm дебелиот, челичен под на Model S, притоа уништувајќи ја заштитната кутија на батериите, според Маск, сигурно го направил тоа со сила од најмалку 25 тони. Доколку истиот инцидент му се случел на автомобил со конвенционален бензински мотор, ќе дошло до целосно отсекување на дотокот на гориво и создавање на вирче од бензин, со што ќе имало и услови за целосно горење на возилото, тврди шефот на Tesla.

"Пет пати e поголема веројатностa да доживеете пожар во возила со конвенционален бензински мотор, отколку во Tesla", тврди Маск кој дури се осмели да го критикува и начинот на кој пожарникарите пристапиле во целата ситуација. Според него, надлежните лица не требало да ја пробијат заштитната кутија на батериите, бидејќи тоа придонело пожарот да се прошири во предниот дел на автомобилот.

"Во ваква ситуација батериите треба само да се полијат со вода", заклучува Маск.

Во продолжение, погледнете го видеото од немилиот настан...  





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил