Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC       MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > WRC > Спомените на деветкратниот светски шампион
 
Spodeli
30 September 2013, 17:08


Спомените на деветкратниот светски шампион  Спомените на деветкратниот светски шампион
Себастијан Лоеб има постигнато навистина неверојатни резултати во неговата кариера: 78 победи, 116 искачувања на подиумот, 896 етапни победи, 1.619 освоени поени... и се разбира, 9 Светски шампионски титули, кои ги дели со Даниел Елена ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Од таа блескава кариера, тешко е да се издвојат неколку најдобри спомени, но во ова интервју Себ го направи токму тоа...

2001 Rallye Sanremo

"Имавме феноменален крај на собирот, завршувајќи веднаш зад Паници. Пред релито, испраќав факсови до производителите само за да ги потсетам дека и јас учествувам. По Sanremo, сите ме викаа да потпишам договор за цела сезона. Иако требаше да останам само до средина на сезоната 2002, јас решив и натаму да продолжам со Citroen. Мислам дека ја направив вистинската одлука".

2003 Rallye Monte-Carlo  

"Во овој период, Карлос Сајнц и Колин МекРи беа вистински бренд во мото спортот. Секогаш имало добра атмосфера меѓу нас, дури и кога почнав да постигнувам подобри резултати од нив. Тие имаa големо влијание како врз мојот професионален развој, така и врз Citroen".

2004 Tour De Corse

"Тука беа сите: Моето семејство, моите пријатели... Ми беше задоволство што имав можност да победам, особено поради татко ми. Тој никогаш не ми кажуваше многу кога бевме заедно, но на некои новинари им раскажал колку многу му значат моите достигнувања".

2007 Rally New Zeland

"Во Whaanga, претпоследната етапа на релито, Маркус го зграпчи водството. Сето тоа доведе до супер специјална етапа. Иако победив на етапата, сепак не успеав да избијам на прво место во генералниот пласман".

2008 Rally Argentina

"Таа година, мој совозач беше Диего Марадона. Кога тргнавме по патеката, тој беше многу возбуден бидејќи мислеше дека целата таа толпа на луѓе беше собрана поради него. А сепак, поради спуштена положба на неговото седиште и затемнетите прозорци, никој не можеше да го види! Бидејќи јас не зборувам шпански а неговиот англиски е прилично ограничен, не можев да му објаснам за што станува збор... Кога се вративме и кога тој излезе од нашето C4, се случи тотална хистерија. Овој пат, се разбира, токму поради него".

2009 Rally Finland

"После победата, си ветив дека никогаш повеќе нема да се обидувам да бидам прв на ова рели, бидејќи нивото на ризик додека возев со 180 km/h веднаш до боровите, се чинеше премногу високо за мене. Подоцна уште два пати победив на финското рели и се’ уште овие победи ги вбројувам меѓу најголемите подвизи во мојата кариера".

2008 Rally Japan

"Во претходните натпреварувања, веќе два пати имавме обезбедени светски титули во Јапонија и знаевме дека Sapporo не е баш најдобро место за прослава. Таа ноќ падна многу пиење и неколку луѓе добија тегоби, пред се’ поради тоа што ментолот во мохитото не беше свеж. Некои од новинарите што беа присутни ќе можеа да ви го потврдат ова, само доколку не беа меѓу „најрасположените“ таа вечер".

2009 Rally Norway

"Имав одлична трка со Мико Хирвонен, од почеток до крај. Ниту еден од нас не направи грешки и на финишот не делеа помалку од десет секунди".

2010 Rallye De France Alsace

"Дека ќе бидам прогласен за шампион дома, во Haguenau, беше нешто за кое не можев ни да сонувам дека ќе се оствари. Кога се сретнав со Séverine и моите пријатели на делницата што водеше назад до Стразбур, не можев а да не пролеам неколку солзи... Такво нешто се случува само еднаш во животот".

2012 Rallye Deutschland

"Секогаш сум ја сакал оваа трка затоа што чувствував дека публиката има посебни симпатии кон мене. Ова беше исто така, најдобриот можен начин да му оддадам почит на Баг, кој штотуку почина. Се разбира, тој го освои овој митинг во 2001-та година".

2012 Rallye De France Alsace

"Имав многу емоции, но пред се’ бев горд, што можам да речам, на успешен начин го завршивме големото патешествие со Даниел и Citroën Racing. Нашите навивачи, нашите семејства, нашиот тим, сите важни луѓе за нас беа таму и моравме да победиме за нив. Во секој случај, никогаш не се покајав бидејќи знаев дека крајот од ова патување ќе го означи почетокот на една нова авантура"...





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од WRC



 
 
 
 






Одберете нов автомобил