Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Citroen со официјална потврда на новите модели
 
Spodeli
26 September 2013, 23:11


Citroen со официјална потврда на новите модели  Citroen со официјална потврда на новите модели
Шефот на C линијата од Citroen откри неколку интересни детали за идната понудата на француската марка. Всушност, Пјер Монферини истакна дека производителот подготвува помал компактен crossover кој би им конкурирал на модели како Renault Capture...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Исто така, Монферини изјави дека се’ уште не е донесена конечна одлука за сериска изведба на концептот DS Wild Rubis и на европските пазари. Потсетуваме, Citroеn веќе ја потврди продукцијата и пласманот на овој модел на кинескиот пазар, каде што францускиот производител постигнува одлични резултати, но големиот интерес на европските клиенти може да го донесе автомобилот и на стариот континент.

Понатаму, во блиска иднина, на пазарот би требало да се појави наследник на C6, но тој модел најверојатно ќе треба да го "промени семејството". Со други зборови, наместо да носи ознака C, наследникот на C6 ќе биде дел од линијата DS. Добар увид за плановите кои Citroen ги има во врска со овој модел оддава студијата Numero9, но Монферини сепак истакна дека "конечниот дизајн е се’ уште предмет на дискусија".

На крајот тука е и наследникот на моделот C5 кој и натаму ќе остане дел од линијата C а следната генерација веќе има добиено и зелено светло за развој. Истото важи и за наредната генерација на моделот С1, која најверојатно пред јавноста ќе биде претставена следната година на саемот за автомобили во Париз.





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил