Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Volvo го потврди новиот предводник на понудата - пристигнува S100
 
Spodeli
26 September 2013, 22:25


Volvo го потврди новиот предводник на понудата - пристигнува S100 Volvo S90 Volvo го потврди новиот предводник на понудата - пристигнува S100
Конечно е постигнат договор помеѓу раководителите на Volvo и неговиот кинески сопственик Geely за развој и производство на нов седан модел кој ќе се најде на самиот врв на понудата на шведскиот производител...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Всушност, веќе долго време слушаме гласини и извештаи за тоа како Швеѓаните сериозно размислуваат за ваков модел и спроведуваат тестови на неговата исплатливост. Се чини дека тестирањата покажале позитивни резултати и S100 доби зелено светло.

Станува збор за автомобил кој би бил конкуренција на BMW Серија 7, Mercedes S-класа и Аudi А8. Ќе се темели на продолжена изведба од платформата S80, а производството ќе се одвива во новите погони на Volvo, лоцирани во Кина. Така приоритет би бил кинескиот пазар, но сеуште не е познато кога ќе може да се очекува лансирањето на новиот автомобил. Исто така, уште поважно прашање е кога и дали овој модел ќе биде понуден на европските пазари?

Како возило кое ќе го претставува врвот на понудата на својот производител, S100 би требало да биде значително полуксузен и поскап од S80L, што во моментов е најдобриот модел кој Швеѓаните го нудат на кинескиот пазар. Се разбира, Volvo нема да има лесна задача во обидот да ги оттргне клиентите од понудата на елитното германско трио, но и натаму има потенцијални клиенти кои се во потрага по нешто свежо и ново, а S100 би требало да биде токму тоа. Ова тврдење е особено релевантно доколку предвид се земе очекувањето дека најголемо влијание врз финалниот изглед на автомобилот би имал дизајнот на Volvo Concept Coupe (на сликите).


Volvo S90
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил