Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Chevrolet со мноштво иновации настапи на саемот во Франкфурт
 
Spodeli
21 September 2013, 02:33


Chevrolet со мноштво иновации настапи на саемот во Франкфурт  Chevrolet со мноштво иновации настапи на саемот во Франкфурт
Деби на новите Camaro купе и кабриолет, германска премиера на новиот Corvette Stingray модел, зaсилуање на понудата со MyLink уреди и многу нови опции за автомобилите со повеќе патници се главните новини кои Chevrolet ги нуди на 65-от Frankfurt Motor Show...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Можеби најдобар показател за новите напредни технологии што производителот ги вклучува во својата понуда е моделот Corvette Stingray кој се одликува со:

• Нов 7-брзински рачен менувач со функција Active Rev Matching која го предвидува изборот на степен за пренос и ја прилагодува брзината на моторот за совршена промена.  

• Активно управување со горивото, што овозможува возење на автомобилот со работа на четири цилиндри под услови на ниско оптоварување, додека возите на автопат.

• Потполно нова алуминиумска рамка што е 57 отсто поцврста и 45 кг. полесна од челичната, која се користи во претходниот модел.

• Систем за подмачкување и ладење на диференцијалот и системот за пренос.

• Селектор за позиционирање на режимот за возење кој прилагодувањето го врши врз основа на 11 фактори, со цел да обезбеди што поудобна атмосфера за возење.

• Контрола на движење: На располагање во Track режимот, за максимално забрзување при тргнување од место.

• Целосно нов надворешен дизајн кој може да се пофали со аеродинамика на тркачки автомобил, како и нов ентериер која нуди уникатни карбон-фибер и алуминиумски елементи, обложени со кожа.

Врвниот, нов MyLink радио уред, инспириран од таблет уредите, им овозможува на возачите да персонализираат голем број на функции во автомобилот, со цел да бидат во согласност со нивното секојдневно возење - од опуштено и лесно возење на автопат до агресивни опции за на тркачка патека. Системот се состои од два 8-инчни LCD екрани со опција за нивна дополнителна персонализација, USB приклучок, читач на SD картички, како и централен мобилен дисплеј.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил