Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > S500 Intelligent drive - автономен автомобил од Mercedes
 
Spodeli
19 September 2013, 19:35


S500 Intelligent drive - автономен автомобил од Mercedes Mercedes-Benz S-Class S500 Intelligent drive - автономен автомобил од Mercedes
Производителот на автомобили од Штутгарт е првиот кој успешно спроведе тест возење на автономен автомобил во урбани и рурални услови, без ниту една интервенција од страна на возачот...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Моделот S500 Intelligent drive успешно и потполно самостојно, без човечка интервенција, помина пат од околу стотина километри од Pforzheim до Mannhaim, точно по 125 години откако по истата траса возеше и една од пионерите на мотоспортот - Берта Бенц (сопруга на Карл Бенц).

Патувањето од 100 километри, кое се одликуваше со бројни пречки што се јавуваат и во секојдневното возење (како на пример други возила, пешаци, раскрсници и семафори), е особено голем подвиг доколку се земе предвид фактот дека за овој потфат не беа користени „технологии од иднината“, туку веќе постоечки кои се вградени и во новите Е и S-Class.

Според сегашните стандарди, постојат три степени на автономно возење и тоа: делумнa автоматизација, висок степен на автоматизација и целосна автоматизација. Во првиот степен, возачот не управува со возилото, но мора постојано да ја следи ситуацијата и не може да се „релаксира“, односно мора да биде подготвен да интервенира доколку е тоа потребно. Во третата фаза, односно целосна автоматизација, возачот може целосно да се опушти, бидејќи возилото е во состојба да се справи со секој предизвик, па буквално може да се однесувате како патник во автобус.

 

Mercedes-Benz S-Class
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил