Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Volvo на Франкфурт 2013
 
Spodeli
18 September 2013, 19:58


Volvo на Франкфурт 2013  Volvo на Франкфурт 2013
Моќната трансформација на Volvo Car Group е особено евидентна на годинашниот саем за автомобили во Франкфурт (отворен за посетители од 12-ти до 22-ри септември)...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот Volvo Concept Coupe ги демонстрира можностите на новата SPA архитектура, додека новите супер-ефикасни 4-цилиндрични Drive-E мотори сега се достапни во шест редизајнирани Volvo модели.

„Создаваме освежена гама на автомобили која ја комбинира традицијата со иновативна технологија и емоционален дизајн. Сите важни аспекти за автомобилот се за едно ниво погоре, а емоционалниот квалитет на возилата е комбиниран со рационалниот“, рече Лекс Кресмејкерс, заменик претседател за производствени стратегии во групацијата Volvo Car.

Volvo Concept Coupe е првиот од трите концепт автомобили кои ги откриваат новите дизајнерски тенденции на производителот. Тие всушност го најавуваат сосема новиот XC90, која пристигнува следната година.

Првите три мотори од семејството Drive-Е (2,0-литарски 4-цилиндрични агрегати), ќе бидат воведени во понудата оваа есен.

На самиот почеток од комерцијализацијата, освежените модели S60, V60 и XC60 ќе бидат достапни со три мотори од новото семејство: T6 турбо бензинскиот мотор со 306 КС, T5 турбо бензинецот со 245 КС и D4 турбо дизел агрегатот со 181 КС, а тука е и новиот 8-брзински Aisin автоматски менувач кој придонесува за префинето и економично возење.

Стратегијата на Volvo е да се користи електрификација за создавање на 4-цилиндричен мотор кој ќе понуди перформанси на ниво на V8 агрегат. Моделот Concept Coupe е придвижуван од 2,0-литарски Drive-E бензински мотор опремен со турбо полнач и компресор и во комбинација со електричен мотор на задната оска. Тоа на автомобилот му овозможува севкупна излезна моќност од 400 КС и над 600 Nm вртежен момент.

„Нашиот успешен V60 plug-in хибрид веќе се покажа како ефикасен автомобил, забавен за возење. Денес можеме да потврдиме дека новиот XC90 исто така ќе биде достапен во plug-in хибрид верзија“, изјави Кресмејкерс.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил