Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2013: многу помодерен и пошик, новиот Hyundai i10
 
Spodeli
16 September 2013, 03:51


Франкфурт 2013: многу помодерен и пошик, новиот Hyundai i10 Hyundai i10 Франкфурт 2013: многу помодерен и пошик, новиот Hyundai i10
Втората генерација на успешниот мини модел на Hyundai сега настапува со многу помодерен дизајн, насочен кон помладите купувачи...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Базиран на платформата на новиот Kia Picanto, i10 ќе биде опремен со два Kappa бензински мотори, со зафатнина од 1,0 и 1,25 литри, кои развиваат 65, односно 85 КС. Помалиот агрегат ќе може да се порача и со фабрички LPG плински уред, што треба да го направи исклучително популарен на нашиот пазар. Во понудата влегуваат петстепени мануелни, како и автоматски менувач со четири степени.

Под новиот помодерен дизајн се крие попространа кабина од онаа на претходникот, облечена во поквалитетни материјали. Надворешните димензии се поголеми во однос на претходникот, а тоа особено се однесува на должината, која сега изнесува 3.665 mm, како и ширината, која изнесува 1.660 mm. Единствено новиот модел е понизок во однос на претходникот и тоа за цели 40 mm, што оддава чувство на многу покомпактен автомобил, за разлика од малку незграпниот актуелен модел.
 
 
Покрај подобрувањата во погонот и комфорот, Hyundai ветува и драстично подобрување на безбедноста, но и на возните својства и сето тоа благодарение на користењето на челик со висока цврстина за изработката на целосната каросерија. Моделот, барем на западно – европските пазари ќе биде опремен со 6 воздушни перничиња во стандардната опрема.

Hyundai i10
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил