Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2013: најмоќниот Peugeot досега, RCZ-R со 270 КС!
 
Spodeli
12 September 2013, 12:45


Франкфурт 2013: најмоќниот Peugeot досега, RCZ-R со 270 КС! Peugeot RCZ Франкфурт 2013: најмоќниот Peugeot досега, RCZ-R со 270 КС!
Спортското купе на Peugeot, кое измамува толку многу погледи на улиците, сега и во R верзија, која ќе ги донесе перформансите на ниво на германската конкуренција, во прв ред Audi TT...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Под хаубата се наоѓа истиот 1,6 литарски турбо бензинец со директно впрскување, кој сега развива извонредни 270 КС и 330 Nm, доволни за забрзување до стотка за 5,9 секунди и максимална брзина ограничена на 250 km/h. Ваквите перформанси не доаѓаат на сметка на потрошувачката или емисијата на штетни гасови – 5,3 литри на 100 km и 145 g/km CO2.

Покрај најмоќниот агрегат кој е вграден во едно Peugeot возило досега, RCZ-R е целосно преработен како би понудил највисоки перформанси и на кривулестите патишта, односно, како што вели Будар Пјер, проект менаџерот, купето е целосно поминато преку тркачката програма на Peugeot.
 
За таа цел, вграден е целосно нов Torsen диференцијал во предниот дел, кој драстично ја подобрува стабилноста на предните тркала во кривина, особено при посилни притискања на педалата за гас во бавните свиоци. Згора на тоа, секој модел ќе биде опремен со тркачки гуми 235/40 R19 со високи перформанси, кои ќе се погрижат RCZ-R да биде залепен за подлогата дури и при најголемите оптоварувања од возачот.
 
 
Однадвор, најмоќниот RCZ ќе се разликува по црниот покрив кој е изработен во карбон-фибер, а ќе биде понуден во четири различни и специјални бои: Moroccan Red, Nera Black, Mercury Grey и Opal White.

Peugeot RCZ
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил