Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2013: и моноволумените можат да бидат убави – Citroen C4 Picasso!
 
Spodeli
12 September 2013, 11:51


Франкфурт 2013: и моноволумените можат да бидат убави – Citroen C4 Picasso! Citroën C4 Picasso - old Франкфурт 2013: и моноволумените можат да бидат убави – Citroen C4 Picasso!
Фамилијарен автомобил, со многу простор и висока функционалност, кој нема да ви биде срам да го возите. Picasso серијата на Citroen отсекогаш била „најубавата“ во класата, но новиот C4 модел излегува уште еден чекор понапред од конкуренцијата...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Моделот кој го видовме во Женева како Technospace Concept, сега ја доби и сериската верзија. Со големите стаклени површини и пространиот ентериер, Citroen е во обид повторно да ја редефинира удобноста и релаксираноста во возењето, нешто што ги краси веќе со децении. Внатрешноста е изведена во светло темни нијанси, додека на предната конзола има два големи дисплеи во боја, кои донесуваат чувство на висока технологија.

Однадвор пак, моделот се одликува со силниот, експресивен дизајн со видливи динамични линии и хај-тек фарови со LED 3D ефект, како и задни светла инспирирани од најновите концепт автомобили на производителот. Првичната постапка на дизајнерот Фридрих Соубиру, била насочена кон креирање на страничен потпис, C форма во хром, која му дава карактер на профилот на новиот Citroen C4 Picasso, притоа истакнувајќи го широкиот простор кој им стои на располагање на патниците на предните и задните седишта.
 
Инаку, ова е првиот модел на Citroen кој се базира на новата EMP2 платформа, што ја користат многу автомобили, меѓу кои и новиот Peugeot 308, чија премиера е најавена во текот на оваа година. Меѓу другото, платформата овозможува многу поголем простор во внатрешноста, благодарение на различниот распоред на компонентите, како и пониска маса и поголема цврстина. Така, новиот C4 Picasso е помал однадвор во однос на претходникот, но нуди многу повеќе простор во внатрешноста и багажник со зафатнина од 573 литри.
 
 
C4 Picasso ќе биде понуден со неколку бензински и дизел мотори, со акцент на ниската потрошувачка и емисија на штетни гасови. На пример, основниот e-HDi дизел со 90 КС ќе троши само 3,8 литри на 100 km и ќе испушта само 98 g/km CO2 во атмосферата, што е рекорден резултат во класата.

Citroën C4 Picasso - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил