Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Франкфурт 2013: дојден од иднината, BMW i8
 
Spodeli
11 September 2013, 00:56


Франкфурт 2013: дојден од иднината, BMW i8 BMW i8 * Франкфурт 2013: дојден од иднината, BMW i8
Долго време најавуваниот спортски автомобил на BMW, со хибриден погон, i8, беше премиерно претставен на саемот во Франкфурт и во живо навистина делува како да доаѓа од иднината...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Четириседот со изглед на спортски автомобил, има два погони кои работат во синергија. Бензинскиот турбаш со три цилиндари и зафатнина од 1,5 литри, развива високи 231 КС, додека електричниот мотор развива 131 КС и висок вртежен момент од 250 Nm. Автомобилот може да вози само на електричен погон до 120 km/h, потпомогнат од Li-ion батериите, кои можат да се полнат преку нормален 220 волтен приклучок, кои имаат капацитет за 35 километри. Електричниот мотор ги погонува задните тркала, што значи додека бензинецот предните. 

Кога работат заедно (362 КС), перформансите се како кај супер спортски автомобил – забрзувањето до стотка трае само 4,4 секунди, додека максималната брзина изнесува 250 km/h (електронски ограничена) кои се постигнуваат само со бензинскиот мотор. Потрошувачката, со целосно наполнети батерии, изнесува неверојатни 2,5 литри на 100 km, што за автомобил со вакви перформанси е навистина извонредно.
 
Голем удел во одличните перформанси имаат и специјално изработената каросерија од карбон фибер, како и одличната аеродинамика, односно отпор на воздухот од само 0,26 Cd. Целосната маса на возилото изнесува 1.490 килограми, што со оглед на вградените батерии и двата погони е одличен резултат. Благодарение на поставеноста на погонот, пак, распоредот на масата е 50:50, што, заедно со подвозјето со независни оски напред и назад, треба да помогне во врвните возни својства.
 
 
Цената на овој автомобил од иднината ќе биде 126.000 евра во Германија, што е во рамките на супер спортските автомобили, но веројатно коректно со оглед на вградената технологија.

BMW i8 *
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил