Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Nokia на голема врата влегува во автомобилската индустрија
 
Spodeli
03 September 2013, 22:21


Nokia на голема врата влегува во автомобилската индустрија  Nokia на голема врата влегува во автомобилската индустрија
Платформата HERE Auto нуди многу напредни услуги за возачите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Станува збор за нова платформа на Nokia наменета за автомобилите на иднината која се состои од три главни услуги: HERE Auto, HERE Auto Cloud и Here Auto Companion.

HERE Auto е првaта интегрирана навигациска платформа за автомобили, која овозможува употреба на навигациски уреди, без оглед на достапноста на интернет конекција. Во пракса тоа значи дека ако патувате во друга земја не треба да ги обновите мапите на вашиот уред, ниту пак да се плашите дека ќе направите голема сметка со пренос на податоци во роаминг. 

Втората услуга е наречена HERE Auto Cloud и е наменета за да обезбеди сервисни информации за возачите, како што се сообраќајниот метеж, работа на пат и сл...

Here Auto Companion е третата апликација која им овозможува на корисниците информациите од својот автомобил да ги зачуваат на мобилен телефон или друг пренослив уред, со цел истите да ги имаат во било кое возило. Така на пример, податокот за најбрзиот пат до вашиот омилен ресторан ќе ви биде на располагање секогаш, без оглед дали сте во вашиот автомобил или некој друг.

Инаку, оваа платформа својата официјална промоција ќе ја има на саемот за автомобили во Франкфурт. 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил