Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Opel со седум светски премиери на саемот во Франкфурт
 
Spodeli
03 September 2013, 20:53


Opel со седум светски премиери на саемот во Франкфурт  Opel со седум светски премиери на саемот во Франкфурт
Opel го започнува своето патешествие кон иднината со седум светски премиери на 65-от Меѓународен саем за автомобили (IAA) во Франкфурт, кој ќе се одржува од 12-ти до 22-ри септември...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Производителот од Рузелхајм акцентот го става на новата Insignia OPC со освежен изглед, редизајнирана шасија и иновативен имиџ. 2,8-литарскиот V6 турбо мотор со 239 kW/325 КС и максимален вртежен момент од 435 Nm го „катапултира“ водечкиот спортски автомобил на Opel од нула до 100 km/h за 6 секунди. Еднакво спектакуларни како верзијата OPC, за германскиот производител ќе бидат и промоциите на Insignia Country Tourer, авантуристички настроен член од семејството Insignia, како и верзиите на моделот Sports Tourer - сите со нов дизајн, модерни системи за информации и забава и најдобри мотори кои ги диктираат трендовите во класата.

Opel, исто така, ќе покаже пред јавноста како го замислува идниот дизајн на своите автомобили, преку премиерата на концептот Monza. Во исто време, компанијата покажува што модерното возење има да понуди од аспект на иновативни технологии, како што е функцијата Siri Eyes Free вградена во моделот Adam. Тука се и новиот Sidi 1,6-литарски турбо мотор со 200 КС за моделот Cascada кабриолет и новата фамилија на мали бензински мотори во комбинација со нова, 6-брзинска трансмисија.

Во галеријата подолу, погледнете фотографии од моделите со кои Opel ќе се претстави во Франкфурт...

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил