Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Motors ги испорача првите примероци од Model S во Европа
 
Spodeli
13 August 2013, 12:16


Tesla Motors ги испорача првите примероци од Model S во Европа Tesla Model S Tesla Motors ги испорача првите примероци од Model S во Европа
Во годините што претстојат, електричните автомобили ќе имаат се’ поголем удел на пазарот, а дека Tesla Motors планира да го има главниот збор во однос на оваа технологија, покажува и последниот потег...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Како што вети, така и стори: првиот човек на Tesla Motors, Илон Маск, неодамна ја потврди испораката на првите примероци од Model S за европските клиенти. Американците не откриваат колку автомобили биле испорачани, истакнаа само дека првите примероци ги добиле Норвежаните.

Но, тоа не е сe’. Американската компанија наводно, веќе почнала да изработува планови за изградба на инфраструктура која преку поставување на електрични супер полначи, би требало да ги задоволи потребите на 80 отсто од населението во оваа скандинавска земја.

Овој податок е помалку изненадувачки доколку се земе предвид фактот дека Tesla Motors своето главно европско претставништво реши да го стационира во Холандија. Американците планираат во Европа да испорачаат околу 800 автомобили до крајот на годината, а поголемо влијание на Стариот континент ќе може да се очекува откако Tesla Motors ќе се консолидира на домашниот пазар, каде што побарувачката за моделот S се’ уште ја надминува понудата.

Американците навестија дека во наредните години во Европа ќе се извезуваат двојно помалку автомобили од бројката наменета за пазарот во САД.

 

Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил