Согласно Деталниот договор вклучен во Август, договорот за имплементација потпишан во Ноември како и невообичајното генерално собрание на Volkswagen одржанo минатата недела, уделот во Porsche AG преставува следниот важен чекор на патот кон интегрирање на Аутомотив групацијата со Porsche, под раковортство на Volkswagen. Во 2011 година е во план да се постигне аквизиција на пазарниот бизнис на Porsche Holding Salzburg.Тогаш, Обединетата аутомотив групација, ќе се финализира со спојувањето на Volkswagen AG и Porsche SЕ, која е во план да се реализира во текот на 2011 година.
Спојувањето на двете компании е многу логично од економски аспект. За Volkswagen Group, Porsche претставува идеален додаток за комплетирање на портфолиото на брендот, додека Porsche, како самостоен бренд под покровителство на Volkswagen Group, ќе има потенцијал за додатен пораст.
Со оваа трансакција, групацијата цели кон постигнување нови рекорди во продажбата. Оваа година, Porsche AG има 10,3 проценти удел на светско ниво, што го прави најголем производител на автомобили во светот. Во моментов, групацијата е и најпрофитабилна во автомобилскиот свет, а за наредната година се очекува зголемување на профитот за 700 милиони евра.
|