Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ       ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Прашања и одговори > Дали се исплати да купите половен BMW 320d од 2009-та за 15.000 евра?
 
Spodeli
12 July 2013, 14:30


Дали се исплати да купите половен BMW 320d од 2009-та за 15.000 евра?  Дали се исплати да купите половен BMW 320d од 2009-та за 15.000 евра?
Цената е во ред, доколку километражата е реална, автомобилот не учествувал во судир и сите останати важни компоненти се во добра состојба...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Станува збор за BMW 320 од 2009-та година со 4-цилиндричен, 2-литарски N47 мотор со 177 КС. Автомобилот до сега имал еден сопственик а има поминато 120.000 километри. Цената е 15.000 евра со полна опрема - систем за навигација, кожен ентериер, ESP...

Наш совет: BMW 3 серија E90, е еден од најквалитетните автомобили во својата класа и генерација. Цената е во ред (иако постои простор за намалување) под претпоставка дека километражата е реална и дека моторот е во добра состојба. Секако, најпрво проверeте дали автомобилот имал некакви корекции на каросеријата, односно дали учествувал во сообраќајна незгода. Доколку бојата не е оригинална, се’ се менува и во тој случај би било најдобро да се откажете од намерата за купување, освен ако експерт - автолимар - не утврди дека станува збор за минимална штета. Но, тогаш, се разбира, треба да се намали и вредноста на автомобилот.

Распрашајте се и за овластен сервис, бидејќи постои клуч според кој може да се дознае точната километража, а препорачливо е автомобилот да го однесете и на посебен преглед во сервис специјализиран за дизел мотори. Прво треба да се утврди дали може да се слушне фазниот ланец (тоа експерт не може да го пропушти), бидејќи ова претставува голем недостаток на моторите од споменатата серија. Звуците на ѕвекот на се за занемарување и доколку истите постојат треба да побарате намалување на цената за најмалку 2.000 евра, но најдобро е да се откажете.

Како што кај луѓето многу работи може да се утврдат според крвната слика, кај автомобилите тоа се прави со мерење на компресијата. При мерење на незагреан мотор, притисокот треба да биде едноличен со најмалку 30 бари, а турбополначот, при 2000/мин. треба да добие поттик од 0,7 бари. Ако тоа не е случај со конкретното возило, моторот започнал да дотрајува, што не е добро. Темелно треба да се провери и шасијата, првенствено празнината во куглестите зглобови, сврзувачките елементи и лежиштата, дисковите и издувниот систем.

Крајниот одговор: Kупувањето се исплати само ако автомобилот е во добра состојба, при што пожелно е да добиете и уредно евидентирана сервисна книшка. Запомнете, за состојбата на автомобилот многу можете да дознаете и преку опсервација на ентериерот.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Прашања и одговори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил