Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Citroen го претстави новиот Grand C4 Picasso
 
Spodeli
27 June 2013, 14:44


Citroen го претстави новиот Grand C4 Picasso Citroën C4 Grand Picasso - old Citroen го претстави новиот Grand C4 Picasso
Citroen повторно направи чекор напред во својата производителна офанзива, со откривањето на првите официјални слики од новиот Grand C4 Picasso, уникатно стилизиран автомобил кој целосно се издвојува од моделот со пет седишта ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Овој модел воспоставува револуционерен баланс помеѓу внатрешната просторност и флуидниот дизајн на каросеријата. Grand C4 Picasso ја ползува ефикасноста на EMP2 платформата со цел да обезбеди најдобра комбинација на флексибилност, просторност и пристапни цени за клиентите.

Исто така, моделот може да се пофали со рекордно ниска емисија на CO2 од само 98 г/км. Новото возило ја инаугурира и BlueHDi технологијата со верзија која произведува 150 КС и емитува 110 грама CO2 на 100 километри.

Автомобилот има иста должина како и неговиот претходник (4,59 метри), но благодарение на EMP2 платформата, меѓуоскиното растојание се издолжува до 2,84 метри (најдолго во категоријата) за да се обезбеди повеќе:

- Флексибилност - со трет ред на мобилни седишта кои овозможуваат превоз на седум лица;

- Просторност во кабината - најголема просторност во сегментот, особено во однос на вториот и третиот ред патнички седишта;

- Пристап до внатрешноста - особено во третиот ред, благодарение на оптимизираните врати;

- Багажен простор - со дополнителни 69 литри (645 литри и над 700 литри со спуштени седишта во вториот и третиот ред).

Новиот Citroen Grand C4 Picasso e придвижуван од BlueHDi мотор кој ги задоволува Euro 6 стандардите преку својот систем за селективна каталитичка редукција - единствената технологија способна за значително намалување на емисиите на NOx (за 90%), со истовремено редуцирање на емисијата на CO2. Резултатот се револуционерни перформанси и потрошувачка на гориво во категоријата, со максимална моќност од 150 КС со само 110 г/км на CO2 емисии кај мануелната верзија и 117 г/км кај моделот со автоматски менувач.

Citroen Grand C4 Picasso има уникатна, hi-tech предница со карактеристичната визуелна привлечност на страните, со специјални решетки за покривот и LED светла со 3D ефект. Моделот ги обединува сите предности на новата генерација на C4 Picasso со:

- Ентериер со беспрекорен амбиент и најдобра удобност во класата, овозможена за секој патник;
 
- Воздушни компресори и за третиот ред седишта овозможени во пакетот Lounge;
 
- Технологии за комфорно возење, интерфејс со touch технологија во комбинација со 12-инчен панорамски екран со висока резолуција;
 
- Иновации за поудобно возење, вклучувајќи го и новиот систем „360 Vision“;
 
- Рамнотежа при справување со препреките на патот, која споредена со постарите генерации воспоставува нови стандарди преку електричниот серво волан и оптимизираната суспензија.
 
Во продолжение погледнете ги официјалните фотографии и видеото со кои францускиот производител го презентираше новиот модел...
 

 


Citroën C4 Grand Picasso - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил