Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Електрични автомобили > Батериите на Tesla Model S ќе се заменуваат за 90 секунди
 
Spodeli
26 June 2013, 14:43


Батериите на Tesla Model S ќе се заменуваат за 90 секунди Tesla Model S Батериите на Tesla Model S ќе се заменуваат за 90 секунди
Tesla Motors на презентација во Лос Анџелес го демонстрираше процесот на замена на батерии кои се користат за моделот S, за што е потребно малку повеќе од минута и пол, во текот на која возачот не мора да го напушти возилото...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Шефот на Tesla Motors, Елон Маск, рече дека автоматската замена на батерии најпрво ќе биде достапна во Калифорнија и тоа пред крајот на оваа година, а потоа ќе се прошири и на подрачјето на т.н. област BosWasha односно регионот на Бостон и Вашингтон.

Замената на батеријата ќе чини помеѓу 60 и 80 долари, што на американскиот пазар е цена доволна за 50 до 60 литри гориво.

Исто така, сопствениците на моделот S ќе можат да си ја добијат назад и својата стара батерија (целосно наполнета) за иста цена, доколку и идниот пат ја посетат истата станица за замена, а за одредена доплата, која дополнително ќе биде утврдена, Tesla Motors ќе може да ја достави батеријата директно до нивниот дом.

Секоја станица за замена чини околу половина милион долари и ќе биде лоцирана во близина на станиците за брзо напојување. Станиците ќе располагаат со околу 50 батерии во секое време а доколку побарувачката се зголеми над таа количина, од Tesla ветуваат дека ќе ги зголемат резервите со цел да ги задоволат потребите на своите клиенти.

Видеото од презентацијата погледнете го во продолжение...


Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Електрични автомобили



 
 
 
 






Одберете нов автомобил