Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > На Шуми нема да му биде лесно!
 
Spodeli
18 December 2009, 11:58


На Шуми нема да му биде лесно!  На Шуми нема да му биде лесно!
Новиот член на Мерцедес ГП, Нико Розберг во интервју проговори за можниот камбек на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, како и за можното партнерство помеѓу нив во тимот на Мерцедес ГП....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

"Шумахер во скоро време извозе сосем солидно во картинг турнирот, како и во Трката на шампионите(Race Of Champions). Меѓутоа, правење на добри позиции на такви настани и камбекот во Формула 1 се сосем различни работи. Камбекот во Формула 1 е тежок. Дури и кога некој возач прави промена од еден тим во друг. Како за пример да го земеме Џанкарло Физикела. Ферари го ангажираа Физикела од Форс Индиа за да го замени повредениот Маса, којашто замена(Лука Бадоер) не се снајде во црвениот болид. Физикела беше солиден возач, но во редовите на Ферари не успеа да го достигне потребното ниво, па затоа неговата замена беше беспомошна, Физикела не успеваше да дојде ни до бодови во трките"

Во глобала, Розберг изјави дека камбекот на Шумахер би била одлична работа, а додека пак постанувањето негов тимски колега е остварување на сонот. "Тоа ќе биде добро натпреварување помеѓу нас двајцата, но во никој случај не се плашам од конкурент каков што е седумкратниот Светски Шампион. Наредната сезона ќе биде прва сезона во која што јас ќе седам во победнички болид. Конкуренцијата ќе биде голема, Ред Бул-от на Фетел,како и двата Мекларена и двете Ферари се вистинска конкуренција. Дури на тестирањата во Февруари ќе можеме да видиме кој тим колку постигнал".





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил