Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > Citroen DS2 пристигнува наредната година
 
Spodeli
17 June 2013, 18:00


Citroen DS2 пристигнува наредната година Citroën Revolte Citroen DS2 пристигнува наредната година
Citroen полека, но сигурно ja шири понудата на успешната DS линија која следната година треба да го добие својот нов, најмал а можеби и најатрактивен член...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Следната година на саемот за автомобили во Париз треба да биде претставен серискиот модел од концептот Revolte односно моделот, за кој се верува дека ќе ја носи назнаката DS2 и дека ќе биде наследник на популарниот Спачек.

Значи, 2CV или попознат како Спачек, конечно треба да добие свој наследник, кој за разлика од оригиналот би бил премиум модел дизајниран првенствено за помладите купувачи и се разбира, за оние кои се чувствуваат така. DS2 ќе има пет врати, простор за четири патници а дизајнот во голема мера ќе соодветствува на оној кај концептот Revolte, што се карактеризира со микс на ретро и модерни детали. Вреди да се спомене и тоа дека DS2 ќе нуди најразлични можности за персонализација.

Од технички аспект, DS2 ќе се базира на платформата на Peugeot 208, додека понудата за моторизација ќе ја сочинуваат 3-цилиндричен бензински и 4-цилиндрични бензински и дизел мотори, со моќност меѓу 90 и 155 КС колку што ќе развива 1,6 THP моторот. Цената на овој модел треба да се движи околу 15.000 евра, а дополнителни детали за него ќе дознаваме паралелно со приближувањето на официјалната премиера.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил