Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Новиот SEAT Leon SC - компактни перформанси
 
Spodeli
15 May 2013, 14:50


Новиот SEAT Leon SC - компактни перформанси Seat Leon SC Новиот SEAT Leon SC - компактни перформанси
Икона на динамичниот дизајн со совршени пропорции...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот SEAT Leon SC носи уште повеќе стил во сегментот со среден hatchback, без да се наруши секојдневната корисност. Неговата функционална внатрешност има интересна мешавина на врвни материјали и извонредна изработка и нуди голем простор на сите седечки позиции. Со 380 литри, багажниот простор на SC со три врати е исто толку простран како варијантата на каросеријата со пет врати на новиот SEAT Leon.

Меѓуосовинското растојание е пократко за 35 милиметри и се надоврзува кон препознатливиот карактер на новиот SEAT Leon SC. Спортското купе го запира погледот со дополнителното атлетско мајсторство. 4,23-метри долгиот Leon SC е вистинска дизајнерска икона и совршено олицетворение на дизајнерскиот јазик на новиот SEAT. Leon SC го означува првиот пат во кој SEAT нуди верзија со три врати на компактниот модел.

Третата генерација на SEAT Leon е редизајнирана од почеток до крај. Како и неговиот претходник, новиот SEAT Leon значи забава при возењето и исклучителна функционалност. Новиот Leon SC, вториот член на тековното семејство на Leon, ја прослави својата светска премиера на 83-тиот Саем на автомобили во Женева.

Целата линија на мотори за новиот SEAT Leon SC е направена ексклузивно од мотори со турбо полнење и индиректно вбризгување. TSI и TDI моторите, со опсег од 1,2 до 2,0 литри, располагаат со спектар на моќност од 63 kW (86 ps) до 135 kW (184 ps) и комбинираат одлична ефикасност со префинета динамика. 1,6 TDI моторот со 77 kW (105 ps) и опремен старт/стоп систем работи со просечна потрошувачка на гориво од само 3,8 литри на 100 километри, што е еднакво на бројка на СО2 од само 99 грама на километар.

Исто како Leon со пет врати, SEAT го нуди Leon SC во три верзии, Reference, Style, како и особено спортскиот FR.

Во споредба со верзијата на Leon со пет врати, меѓуосовинското растојание на новиот Leon SC е пократко за 35 милиметри. Истовремено, впечатливата графика на прозорците, со која долниот заден раб е повлечен надолу, има визуелен ефект на истегнување на целокупната должина на автомобилот која изнесува 4,23 метри. Тоа му дава на Leon SC изглед кој е спортски и моќен, а сепак многу компактен. Сите линии на надворешноста имаат интензивна три-димензионалност што го прави дизајнот уште покарактеристичен, создавајќи врска помеѓу светлината и сенките.

Предниот крај на новиот SEAT Leon SC се карактеризира со емотивен дизајн. Линиите се спојуваат кон една имагинарна точка која се наоѓа на предниот дел на возилото. Јасната и стабилната геометриска форма на триаголникот е основниот елемент на дизајнерскиот јазик на SEAT и може да се најде на многу места на новиот Leon SC, како што е дизајнот на предните светла. Светлата се совршено интегрирани во скулптурната форма на Leon SC - нивната остра линија е типична карактеристика на SEAT.

Иновативните целосно LED предни светла, кои за првпат се достапни во компактниот сегмент, трошат помалку енергија и имаат многу долг животен циклус. Температурата на бојата од 5.500 Келвини е слична со дневната светлина, што помалку ги оптоварува очите. 

Страничниот профил на новиот SEAT Leon SC прикажува урамнотежена врска помеѓу металните и стаклените површини - вертикално, тоа е околу 2/3 на 1/3. Тоа ја нагласува цврстината и го истакнува цврстиот став на автомобилот. Карактеристичната, прекината “Línea Dinámica” се движи кон задниот дел преку лаковите на тркалата. Прецизно извајаните “испакнатини” на страните не се сосема прави, туку се движат во благ лак за да се зголеми заостреноста. Задниот прозорец со својот купе изглед, е за 19 степени понавален во споредба со верзијата со пет врати и има форма на стилизиран петоаголник, свртен нагоре - уште една карактеристика на новиот SEAT Leon SC. 

Новото лого на SEAT ги симболизира основните вредности на брендот - чист дизајн и висок стандард на изработка. Новиот Leon SC е меѓу првите SEAT модели кои го носат новото лого - напред, на тркалата, на задниот дел и на управувачот. 

Динамичната естетика на надворешноста продолжува во внатрешноста на новиот SEAT Leon SC кој изгледа средено, лесно и чисто. Материјалите кои се користат имаат највисок квалитет и изработката е првокласна.

*Основни карактеристики на моделот:

/ Спортско купе со три врати и спортски изглед
/ Препознатлив карактер - меѓуосовинското растојание пократко за 35 милиметри
/ Ефикасен и моќен - TSI и TDI мотори со врвна технологија
/ Екстремно простран со висококвалитетна изработка
/ Иновативен - целосно LED предни светли и SEAT Easy Connect 
 
Во продолжение погледнете ги промотивното видео и официјалните фотографии...
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил