Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Интервју > Себастијан Лоеб го тестираше Peugeot 208 T16 Pikes Peak
 
Spodeli
14 May 2013, 15:23


Себастијан Лоеб го тестираше Peugeot 208 T16 Pikes Peak  Себастијан Лоеб го тестираше Peugeot 208 T16 Pikes Peak
Во ова интервју, шампионот ги пренесува првите впечатоци кои ги стекнал при тест возењето на автомобилот ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Деветкратниот светски првак во рели имаше можност да го тестира Peugeot 208 T16 Pikes Peak, автомобилот со кој на 30-ти јуни ќе се натпреварува на највисоката трка во светот. Се чини Лоеб го пронајде совршеното „оружје“ за победа на „трката до облаците“. Само уште да го пронајде совршениот начин за скротување на ѕверот со 875 коњски сили.

Кога со хеликоптер слетал во близина на високо обезбедената патека La Ferte-Vidame во северозападниот дел на Франција, Себастиан Лоеб мислел дека таму е за рутинско тест возење. По само неколку круга, тој сфатил дека тоа е нешто друго:

„Peugeot 208 T16 Pikes Peak е ракета! На почетокот бев позитивно изненаден со секоја промена на брзината. Е, толку е брутален овој автомобил. Треба малку време за човек да се прилагоди на него, со цел да предвиди што е она што следува при возењето. Брзо се навикнав, но на почетокот навистина успеа да ме збуни“, истакна возачот. 

Првите тест возења зад воланот на 208 T16 Pikes Peak очигледно не го оставиле францускиот возач рамнодушен, иако тој е сосема навикнат на возбудата која се јавува при брзо возење: 

„Никогаш не сум управувал автомобил кој забрзува на ваков начин. Дури и Формула 1 болидите не ја ослободуваат сета своја моќ во пониско ниво на трансмисија, а овде штом си во прв степен на пренос веднаш се случува експлозија... Со погон на четири тркала и турбо, овој автомобил веднаш повлекува. За момент сум во шеста брзина и возам со 240 километри на час“.  

*Потврда: Благодарение на забрзувањето од 0 до 100 км/ч за 1,8 секунди, Peugeot 208 T16 Pikes Peak навистина може да остави послаб Формула 1 автомобил далеку зад себе, на стартната позиција.

Но, забрзувањето не е единственото нешто кое го воодушевило шампионот: 

„Кочниците се исто така импресивни благодарение на аеродинамичната поддршка и широките гуми. Всушност, овој 208 модел е спој на најдобри компоненти: многу аеродинамика како во Формула 1, широки гуми како на прототип, диференцијал како во WRC натпреварите... На кратко, тоа е комбинација која ви дава крилја“, изјави Лоеб.

Многу брзо овие тест возења Себастиан Лоеб ќе ома можност да ги претвори во уникатно искуство: 

„Во мојата кариера возев различни видови на тркачки автомобили, но со овој модел доживувам сосема нови емоции, поинакви од сите претходни до сега. Кога станува збор за забрзување и кочење, овој автомобил е повеќе за Формула 1 трка отколку возило за рели. Според однесувањето, исто така, погонот на четири тркала придонесува за дополнителна стабилност на возилото... Навистина е ефективен и има голем потенцијал“, рече возачот.

Таков ѕвер за трка, нормално треба да се скроти. Сепак, никој не се сомнева дека Себастијан Лоеб нема да воспостави доминација врз автомобилот, напротив... Тој има освоено девет титули во рели и со тоа искуство има право да се чувствува како скротувач: 

„Ќе возам постепено бидејќи патеката е тесна и нема отстапување од неа. Се’ уште не знам каде се границите на овој автомобил. Возењето на патеката ќе биде важно за да утврдиме каде сме и кој е нашиот максимален потенцијал. Конечно, предизвикот е токму тоа - да се направи повеќе, а не само за да се искачи Pikes Peak. Затоа, потребен е напорен тренинг“.

За да го овозможи ова, тимот на Peugeot Sport има испланирано се’ до последниот детаљ. Тест возења на патека, на пат и висинско возење ја чинат подготвителната фаза за овој извонреден проект кој очигледно најмногу го мотивира светскиот рели шампион:

„Не можам да го дочекам моментот кога во Колорадо ќе седнам зад управувачот на Peugeot 208 T16 Pikes Peak“, истакнува тој. 

До почетокот на натпреварот остануваат помалку од два месеци.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Интервју



 
 
 
 






Одберете нов автомобил