Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Македонскиот автомобилист Игор Стефановски ќе го освојува Водно
 
Spodeli
10 May 2013, 15:53


Македонскиот автомобилист Игор Стефановски ќе го освојува Водно Mitsubishi Lancer Evolution Македонскиот автомобилист Игор Стефановски ќе го освојува Водно
Игор Стефановски - Иџе ќе се обиде да го собори постоечкиот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски - Иџе, познат уште и по прекарот „Летечкиот Македонец“, претставувајќи го својот нов тркачки автомобил го најави настапот на претстојната викенд трка на Водно на која ќе се обиде да го собори постоечкиот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки.

На „Водно 2013“, натпревар кој ќе се одржи овој викенд, Игор ќе се соочи со конкуренција од преку 30 натпреварувачи. Инаку, на оваа трка која датира уште од времето на Југословенскиот шампионат, Игор настапува од 2003 година и тоа во сите категории: од најмалата Југо, преку Пежо, до Хонда Цивик тип Р.

„Изминативе неколку успешни настапи на меѓународната сцена ми даваат за право да се надевам на успех и на оваа трка. Новиот автомобил е мојот адут, но истовремено и предизвик. Нашиот прв заеднички настап помина одлично, и сум презадоволен од тоа како тој се однесуваше на тркачката патека во Рекберг.“- изјави Игор.

Тој ќе атакува на рекордот со својот нов автомобил MITSUBISHI LANCER EVO IX, со кој настапуваше и на натпреварот во Австрија - RECHBERG од ФИА Европски Шампионат на ридски патеки каде го освои петтото место во својата класа. Оваа турбо 4х4 машина ја придвижуваат 420 коњски сили и мотор од 2.000 кубика.

„Настапивме на овој Куп на безбедност на патиштата 2013 зошто ја обезбедува најдобрата комбинација на возбудливи натпреварувања и претставува основа, реална шанса, да се нападне шампионатот. Овие натпревари се стриктно контролирани од страна на ФИА, така што се обезбедуваат највисоки стандарди за ваков вид натпреварувања“, објаснува Иџе.

Оваа сезона Игор ќе го вози целиот регионален шампионат FIA Make Roads Safe, и ќе настапи на дел од трките од европскиот шампионат (FIA European Hill Climb Championship).

Во согласност со утврдените термини за одржување, ова е календарот на активности на Игор за престојниот период:

1. Водно/Македонија – 11/12 мај 2013
2. Награда Малечке/Хрватска – 15/16 јуни 2013
3. Цазин „Крајиска Змија“/Босна и Херцеговина – 29/30 јуни 2013
4. Лучине/Словенија – 10/11 август 2013
5. Копаоник/Србија – 24/25 август 2013
6. Крушево/Македонија – 08/09 септември 2013
7. Глава Зете/Црна Гора – 21/22 септември 2013
 
Веќе следната година целата на Игор е да го извози целиот Европски Шампионат.
 
Еве и кратко потсетување на досегашните успеси на нашиот шампион во автомобилизам: повеќекратен освојувач на Златна Кацига, долгогодишен учесник во натпреварите во Македонија како и на Балканот, победник на Купот на безбедност на патишта FIA CUP- Action for road safety 2011 и 2012, вице -шампион во N групата на натпреварите од Централно Европска Зона - ЦЕЗ.

Mitsubishi Lancer Evolution
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил