Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Volkswagen работи на 10-степенов менувач и ефикасен дизел мотор
 
Spodeli
03 May 2013, 15:36


Volkswagen работи на 10-степенов менувач и ефикасен дизел мотор  Volkswagen работи на 10-степенов менувач и ефикасен дизел мотор
VW Group има цел до 2020-та драстично да ја намали емисијата на CO2 и да ја подобри ефикасноста на своите мотори...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Шефот на Volkswagen групацијата, професор д-р Мартин Винтеркорн, најави дека фирмата работи на развивање на ултра - ефикасен 10 - брзински DSG менувач, придружен со модуларен дизел мотор кој развива 134 КС.

Говорејќи на меѓународниот симпозиум за автомобили во Виена, д-р Винтеркорн истакна дека новиот мотор и менувач, се дел од заложбата на VW Group за намалување на емисијата на CO2 кај нивните автомобили на 95гр./1км, за што крајниот рок е 2020-та година.

Тој додаде дека лично, се’ уште верува во потенцијалот на актуелните мотори со внатрешно согорување: „Почнувајќи од 2000-та година, ние ја намаливме потрошувачката на гориво кај нашите TDI и TSI мотори за повеќе од 30 проценти. Убеден сум дека до 2020 година можеме да постигнеме понатамошно зголемување на ефикасноста за околу 15 проценти“.

Винтеркорн дополни и дека новиот мотор ќе има систем за вбризгување со висок притисок и опција за напојување со електричен турбополнач. 

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил