Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Маркет / Бизнис > Tesla Motors го нуди „светски најдобриот пакет за сервисирање и гаранции“
 
Spodeli
29 April 2013, 19:14


Tesla Motors го нуди „светски најдобриот пакет за сервисирање и гаранции“ Tesla Model S Tesla Motors го нуди „светски најдобриот пакет за сервисирање и гаранции“
Tesla Motors штотуку го откри последното издание од најавената трилогија. Додека првото продолжение се фокусираше на новата лизинг програма на компанијата, оваа епизода се посветува на услугите за сервис и гаранција и доаѓа завиткана во блескава најава како „најдобара во светот“...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот план го подобрува пакетот на услуги на Калифорнискиот производител, со тоа што нуди користење на Model S (или доколку повеќе сакате - Roadster Tesla), привремено, додека автомобилот на корисникот се сервисира. Извршниот директор Елон Маск наведува дека оваа флота од Model S возила што ќе се изнајмуваат во случај на сервисирање, првично би броела околу 100 автомобили, не постари од три месеци, при што тие ќе бидат достапни и за непосредна продажба. Доколку клиентот го засака изнајмениот автомобил повеќе од својот сопствен, ќе може да го задржи за цена која ќе се намалува по 1% за онолку месеци колку што е старо возилото и по еден долар за секоја милја која што ја има изминато.

Производителот исто така внесе промени и во годишниот сервис, односно оваа обврска за која клиентите требаше да издвојат 600 долари сега е незадолжителна, а одлуката не прави никакви промени во однос на гаранцијата 5 години/50.000 милји. Компанијата воедно, ја направи и гаранцијата за замена на батеријата безусловна, што значи дека ако по некоја случајност успеете да ја претворите истата во бескорисна цигла (што е многу тешко за реализација), ќе добиете бесплатна замена на нова батерија со еднаков капацитет.

Кога станува збор за капацитетот на батериите, г-дин Маск, исто така понуди и некаква надеж за нестрпливите клиенти, кои сакаат да добијат повеќе енергија од онаа што ја нудат сегашните батерии, односно 265 милји/85 киловат часови.

 

Tesla Model S
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Маркет / Бизнис



 
 
 
 






Одберете нов автомобил