Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1       WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Formula 1 > Батон: Шумахер ја става својата репутација на коцка
 
Spodeli
16 December 2009, 10:47


Батон: Шумахер ја става својата репутација на коцка  Батон: Шумахер ја става својата репутација на коцка
Според светскиот шампион за оваа година, легендата на овој спорт Михаел Шумахер, ја ризикува својата репутација со наводното враќање во болидот на Мерцедес. ...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

По преминувањето на Батон од Мерцедес во Мекларен, неговото место остана празно и притоа се укажа можност за враќање на Шумахер во тим каде што главниот збор го има неговиот долгогодишен партнер, Рос Браун. Враќањето на Шумахер беше речиси готово оваа сезона откако Маса се повреди но поради повреда на вратот, Германецот сепак не се врати. 
 
Според многу светски медиуми договорот е веќе постигнат и наредната недела е датумот на неговото официјализирање и враќање на Шуми во болидот на Мерцедес. Батон иако е среќен поради евентуанлото негово враќање, мисли дека со тоа Шумахер може да ја ризикува својата репутација која ја имаше досега доколку овој кам бек помине неуспешно.
 
“Вракањето на Шумахер е одлична вест за овој спорт. Но незнам дали би било исто така добро и за него. Тој ја става својата репутација на коцка доколку се врати во Ф1.“
 
Батон е нестрплив за повторен дуел со седумкратниот светски шампион. Во минатото овие двајца беа противници но Шумахер и неговото Ферари беше далеку надмоќно од болидот на БАР кој го возеше Батон.
 
“Ќе се натпреварувам против секого. Сакам да ги победам најдобрите, а Шумахер е дефинитивно еден од нив.“- порача светскиот шампион за оваа сезона.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Formula 1



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил