Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Занимливости > Ова е најмладиот возач на Ferrari
 
Spodeli
16 April 2013, 15:28


Ова е најмладиот возач на Ferrari  Ова е најмладиот возач на Ferrari
Демографски, околу 31% од Индијците имаат помеѓу 1 и 14 години, па логично би било да се претпостави дека третина од автомобилите во земјата се управувани од страна на деца...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ок, малку претеравме со статистиката затоа што немаме подобро објаснување за тоа како клинецов во „Ben 10“ маица научил да вози Ferrari F430. Видеово најверојатно е снимено од гордиот татко, додека синот заедно со својот пријател си вози наоколу. Останува нејасна само желбата и волјата на малиот палавко да научи да вози толку брз автомобил уште од „пелени“. 

Шоферот има максимум седум, а неговиот совозач околу пет години. Возачот едвај може да ги достигне педалите за управување и нема голема прегледност поради тоа што му пречи големината на воланот. Сепак, рака на срце, малиот вози многу внимателно. Не дивее, забавува пред легнатиот полицаец и на крајот мирно му ги враќа клучевите на татко си. Да беше врзан со безбедносниот појас, би му кажале дека е подготвен за на автопат, вака останува само да им се фали на своите другари за време на појадокот во градинка. 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Занимливости



 
 
 
 






Одберете нов автомобил