Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ       ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Прашања и одговори > TSI моторите – колку се квалитетни и издржливи?
 
Spodeli
16 April 2013, 13:05


TSI моторите – колку се квалитетни и издржливи?  TSI моторите – колку се квалитетни и издржливи?
Од еден наш читател добивме многу интересно прашање – колку се TSI моторите на VW, а и турбо бензинците на секој друг производител, навистина квалитетни и издржливи?...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Оригиналното прашање:

Zdravo na site,
 
Redovno gi sledam sodrzinite na vasata internet strana. Pokraj ostanatite raboti mi se dopaga i toa sto ste otvoreni za komunikacija so citatelite. Zatoa se odluciv i da vi postavam prasanje.
 
Me interesira koe e vaseto mislenje za doverlivosta na turbo benzincite koi vo posledno vreme stanuvaat se poprisutni kaj semejnite avtomobili. Kolku sto znam, popularnite TSI motori se edinstvena opcija na benzinci kaj vozilata na Volkswagen (znaci isto i kaj Skoda i Seat), a sega i novite Ecoboost benzinski motori se popularni kaj Ford. Svesen sum za nivnite prednosti kako niska potrosuvacka i emisija, visok vrtezen moment pri niski vretezi itn... arno ama kolkav e vekot na takviot motor? Vo posledno vreme slusam za mnogu problemi kaj TSI posebno so lanecot i turbopolnacot i toa so pominati samo 30-40 iljadi km.
 
Me interesira vaseto mislenje. Ako vo meguvreme ste pisuvale na ovaa tema pratete mi link.
 
Pozdrav, Zlatko
 
Одговор:
Златко, навистина, во секојдневно користење и експлоатација, малите турбо бензинци имаат многу предности и го прават возењето полесно, без честата потреба за посегнување по менувачот како кај стандардните, атмосферски бензинци. Потегнуваат уште од ниски вртежи и во последната генерација скоро и да немаат турбо дупка, а трошат и помалку гориво во споредба со атмосферците (на VW, односно Ford), барем во нормални услови (турбашите трошат повеќе ако се цедат во високите вртежи).
 
Вистината е дека малите бензинци со турбо, како на пример EcoBoost на Ford или TSI на VW, имаат пократок век на траење од стандардните атмосферци, односно поминуваат помала целосна километража. Тоа не е некој голем проблем, бидејќи и така би требало да издржат преку 300.000 километри (реално, дотогаш би требало да се купи нов автомобил). Но, сложеноста во нивната конструкција и многуте вградени придружни делови на моторот, значат и повеќе ситни расипувања и повеќе проблеми. Тоа е чиста математика – што повеќе делови се додадат, тоа е поголема шансата да се расипе машината! Ова беше дури и поизразено кај претходната генерација на TSI мотори на VW, кои имаа компресор за помали вртежи и турбо полнач за повисоки. Наша препорака е овие агрегати да се избегнат како избор за половен автомобил.
 
Од друга страна, интересно е што јапонските производители, кои се познати по доверливоста и издржливоста, се уште се немаат одлучено на вградување мали турбо бензинци, со многу сила и ниска потрошувачка. Ниту Honda, ниту Toyota, ниту Mazda, кои години и години се на врвот од листите за испитување на доверливоста, се уште немаат таков бензинец во понудата. Случајност? Недоволно средства за развој? Секако дека не!
 
Исто така, турбо моторите работат под многу поголеми оптоварувања, имаат помали турбо полначи кои вртат со вртоглави брзини, директно впрскување на горивото под високи притисоци... Сето тоа дополнително носи шанса за расипување и секојдневни дефекти. Од производителите, еве на пример, од VW, велат дека треба да се користи и специјално масло за подмачкување, што е и логично, бидејќи турбо полначот и моторот бараат различен тип на мазиво, па мора да се стави поквалитетно, а и поскапо масло, кое ќе ги задоволи сите тие критериуми... И да не заборавиме, моторите со директно впрскување на горивото се далеку поосетливи на помалку квалитетно гориво, на кое, нели, може да се налета токму на нашите пумпи.
 
Потврдата дека TSI агрегатите, односно еквивалентните на нив од другите производители, не се најдоверливи се и форумите низ целиот свет и корисниците кои се жалат токму од проблемите кои ти ги спомна, особено со турбо полначот. Веројатно, влијанието кое Volkswagen го имаат на автомобилските медиуми низ Европа не дозволува ова да одекне и да се разбере, или пак и не е толку голем проблем... Во тоа тука сепак нема да навлегуваме.
 
Да сумираме, турбо бензинците, нормално, се помалку доверливи од еквивалентните атмосферски агрегати. Но, сето тоа треба да се стави на кантар и да се види дали перформансите кои ги нудат во секојдневни услови, вредат за малку потешкото одржување и можноста за повеќе дефекти. А за потрошувачката, според нашите искуства од сите извозени автомобили, јапонските атмосферци, на пример, неретко се поекономични од турбо бензинците... Па сега, направете ја математиката!
 
 
Се надеваме дека ви даваме корисни совети. Ако имате конкретни прашања, слободно испратете маил на info@koli.com.mk, со задоволство ќе го истакнеме нашето мислење. Затоа постои Koli.com.mk. За да ви помогне на вас, купувачите.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Прашања и одговори



 
 
 
 






Одберете нов автомобил