Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > GM и Ford развиваат менувачи со 9 и 10 брзини
 
Spodeli
16 April 2013, 02:01


GM и Ford развиваат менувачи со 9 и 10 брзини  GM и Ford развиваат менувачи со 9 и 10 брзини
Да, добро прочитавте, уште малку и степените на пренос на вашиот менувач не ќе можете да ги изброите на прстите од двете раце...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

GM и Ford се здружија за заеднички развој на автоматски менувачи со девет и десет брзини. Целта е да се подобри ефикасноста и да се намали потрошувачката на автомобилите, а американското дуо најави дека новите системи ќе бидат наменети за кросовери, теренци и камионети.

Менувачот со девет брзини нема да биде прв во сериско производство, но оној со десет брзини ќе има вистинско деби. Американците со овој потег го доведуваат во прашање тврдењето на првиот човек на ZF, Стефан Сомер, кој за време на презентацијата на автоматскиот менувач со девет брзини рече дека неговата компанија го достигнала максимумот.

Сомер додаде и дека секое понатамошно покачување би довело до зголемување на тежината и сложеноста на менувачот, загуби кои не би можеле да се компензираат со значително намалената потрошувачка на гориво.

Останува да почекаме и да видиме дали GM и Ford ќе го демантираат.

 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил