Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  FORMULA 1        WRC        MOTOGP       WTCC       МАКЕДОНИЈА
Насловна > Новости > Македонија > Порше Македонија стана официјален увозник на брендот Porsche
 
Spodeli
09 April 2013, 15:15


Порше Македонија стана официјален увозник на брендот Porsche  Порше Македонија стана официјален увозник на брендот Porsche
Порше Македонија ДООЕЛ од овој месец, покрај официјалното импортерство за брендовите: Фолксваген, Ауди и Шкода, стана и генерален увозник за возилата од гамата на светски престижниот бренд Порше...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Порше Македонија продолжува со остварувањето на својата цел - овозможување на потполно задоволство за клиентите. Токму затоа, за оние со префинет вкус ја донесе легендата која постојано освојува со својот фасцинантен стил и безвремен дизајн. Порше - синонимот за раскош, престиж и луксуз, новата дефиниција за иновација, ексклузива и прогресивност, од сега натаму и во салонот на Порше Македонија.
 
За Порше како бренд не треба многу да се зборува, неговата препознатливост сама по себе доволно говори. Моќни супер брзи спортски автомобили, со софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката. Фантастичен дизајн, раскошни перформанси за бескрајно уживање во возењето, со еден збор - совршенство на четири тркала.
 
Она што е уште поважно е дека во тек е проширување на сервисните капацитети што значи и комплетна услуга за корисниците. И покрај синергиските ефекти, секако ќе бидат потребни дополнителни инвестиции, но од страна на импртерот веќе се работи на конкретна реализација на сервисните и продажните капацити, кои се очекува согласно со сите корпоративни стандарди да профункционираат во најбрз можен рок. 
 
Оваа година Порше слави 50 годишнина од претставувањето на култниот Порше 911 - знаменосецот на марката. Истиот веќе пристигна во Порше Македонија, а друштво во моделската понуда му прават и сите останати модели од гамата, како добро познатиот луксузен SUV Cayenne, луксузната лимузина Panamera, спортскиот двосед Cayman и неговата кабриолет варијанта Boxter, а наскоро се очекува и помалиот компактен теренец Macan.
 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил