Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
 
Насловна > Новости > Мотори > Звукот на новите F1 болиди, ќе ја избрка публиката?!
 
Spodeli
09 April 2013, 01:06


Звукот на новите F1 болиди, ќе ја избрка публиката?!  Звукот на новите F1 болиди, ќе ја избрка публиката?!
Секој тим во Формула еден „циркусот“ се фокусира на постигнување што подобри резултати во рамки на овогодишниот шампионат, додека истовремено развива сосема нов болид за следната година. Но, челните луѓе на натпреварувањето имаат поинаков проблем: како ќе звучат болидите следната година...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тековните возила користат 2,4-литарски, V8 мотори кои може да достигнат 18.000 вртежи во минута и имаат две издувни цевки, но за следната година во F1 натпреварувањето се предвидени 1,6-литарски турбо V6 мотори кои се ограничени на 15.000 вртежи во минута и имаат само еден издувен уред. Еклстоун и промоторите на трките сметаат дека новите мотори звучат како машини за косење на трева и дека нивниот звук ќе биде иритирачки за луѓето, поради што тие се’ помалку ќе ги посетуваат трките. Единственото решение на ваквиот проблем челниците на F1 го гледаат во „вештачко модифицирање на звукот од V6 моторите“.

Меѓутоа, ниту производителите ниту раководното тело на F1 - FIA, не сметаат дека звукот на новите мотори ќе биде проблем. Еклстоун стравува дека доколку производителите не му пристапат сериозно на ова прашање, истото подоцна ќе прерасне во главната причина поради која тие едноставно ќе го напуштат спортот, но главните производители на болиди и мотори за следната сезона, Renault, Mercedes-Benz и Ferrari не се воопшто уверени дека новиот звук на моторите ќе има негативни последици од толку големи размери. Искрено речено, ова прашање е секогаш актуелно пред промена на моторите - истото се случуваше и во фазата на транзиција од V10 на V8 мотори. Од друга страна, фановите најверојатно се многу позаинтересирани за стандардизација на спортот отколку за звукот на моторите.

Вистината е дека се’ уште никој не знае како наредната сезона ќе звучат болидите во F1 натпреварувањето. Токму затоа на интернет побаравме неколку видеа, кои имате можност да ги погледнете подолу и ќе ви дадат некаква почетна основа за толкување на најавените промени. Првото видео е Renault 1,5-литарски V6 турбо мотор кој звучи како болидите од осумдесеттите, потоа следува Аиртон Сена на квалификациска трка од 1986 година со Lotus 98Т, кој исто така има 1,5-литарски V6 турбо, следи компилација од повеќе V6 мотори, а на крајот и звукот на турбо V6 од тестирање направено минатата година во Индијанаполис...

 
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Мотори



 
 
..........
 
 






Одберете нов автомобил