Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ       ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Идни модели > „Kia треба да произведе мал спортски автомобил“
 
Spodeli
04 April 2013, 21:34


„Kia треба да произведе мал спортски автомобил“  „Kia треба да произведе мал спортски автомобил“
Шефот на дизајн студиото на Kia лоцирано во Калифорнија, ја обелодени неговата желба дека фирмата би требало да дизајнира мал спортски автомобил, со погон на задните тркала кој би и’ конкурирал на Toyota GT86...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На прес конференцијата на саемот за автомобили во Њујорк, Том Кирнс даде убедлив потврден одговор на новинарското прашање дали лично смета дека на Kia и’ е потребен мал спортски автомобил, кој ќе му даде привлечност на брендот и ќе го издигне истиот над сегашниот имиџ на рационален и пристоен избор за купувачите.
 
„Доколку одлучував јас, во моментов веќе би работеле на токму таков модел“, рече тој, нагласувајќи дека сепак тоа е само негово лично мислење, кое не ги одразува ставовите на компанијата.
 
„Мислам дека би било подобро доколку во претстојниов период нашата енергија ја насочиме кон изработка на купе, а не на кабриолет. Не дека имам нешто против кабрио моделите, но сметам дека економично купе повеќе би просперирало на американскиот пазар“.
 
„Потребно ни е нешто како Scion FR-S (американската верзија на Toyota GT86) тоа е младешки, забавен, прифатлив модел со погон на задните тркала, а токму таквите се доста популарни во моментов “.
 
Кирнс изјави и дека во своето дизајн студио веќе нацртал некои скици токму за ваков модел. 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Идни модели



 
 
 
 






Одберете нов автомобил