Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Премиерa > Нула литри бензин, нула емисија, нула бучава!
 
Spodeli
23 November 2009, 16:38


Нула литри бензин, нула емисија, нула бучава! Citroën C-Zero Нула литри бензин, нула емисија, нула бучава!
Иако навикнавме на форсираните хибриди, очигледно Citroen не спие – C-ZERO е промовирано како нивно веќе второ електрично возило, со сериозни амбиции....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Француски Citroen дефинитивно успеа да се етаблира како еден од “најзелените“ производители на пазарот, за што сведочи фактот дека повеќе од една третина од неговите комерцијални возила испуштаат помалку од 120 g/km јаглерод диоксид, а со новите C3 и DS3 веќе успеа да ја спушти границата под 100 g/km (99 g/km). Еден од најповиканите за овој успех е секако Stop&Start системот чија втора генерација ќе почне да вградува од идната година, а чекор понапред ќе се отиде со лансирањето на “full hybrid“ - возилото DS5 за две години отсега.
 
Да, групацијата PSA досега инсистираше на хибридните решенија, меѓутоа за истите е јасно дека претставуваат преодна фаза кон електричните возила. Така што, на фотографиите го имате новиот C-ZERO и доказот доказ дека Citroen не “спие“. Новото мало градско возило е развиено во соработка со Mitsubishi, како второ целосно електрично возило на марката по пионерот Berlingo First Electrique.
 
Целта на C-ZERO е лесна да се погоди - олеснување на урбаната подвижност со својот мал габарит, брзото полнење и доволната автономија за да ги покрие сите секојдневни патувања, и сето тоа во тишина со што се заборава на вревата во градскиот сообраќај.
 
За погон е задолжен синхрон електромотор со постојано магнетно поле кое испорачува 64 КС и максимален вртежен момент од 180 Nm. Тоа значи дека максималната брзина изнесува 130 km/h, до стотка забрзува за околу 15 секунди, а досегот од околу 130 километри е таман за спокојна и безгрижна експлоатација во и околу градската средина. Ќе забележите дека овие излезни големини се респектабилни и веќе сосема близу до оние на актуелните возила од нискиот сегмент погонувани од класичен мотор со внатрешно согорување.
 
Напојувањето на моторот се врши со акумулатори од најновата “литиум – јонска“ генерација, која овозможува ограничување на нивната маса, а сепак ги задржува предностите на досегашните технологии. Понатаму, оваа технологија не е чувствителна на делумните полнења и воопшто не влијае на работниот век на акумулаторите! За нивно полнење доволно е само кабелот на напојување да го буцнете во штекер од дома (220 V) и за само 6 часа наполнети се до крај. Исто така, можно е полнење со приклучување на надворешна клема која испорачува еднонасочна струја од 125 A под 400 V за моќност која може да достигне до 50 kW и да се наполни 80 % за само 30 минути.
 
Она што е особено интересно за C-ZERO, освен електричниот погон, е фактот што како мало возило нема тесно профилирана целна група. Напротив,  конципиран е да ги задоволи сите типови на клиенти – администрации, колективи, флоти, како и физички лица кои знаат точно што сакаат. Простор има за 4 возрасни лица, багажниот простор од 166 литри е прескромен, но затоа пак природно поседува впечатлива бесшумност во функционирањето и нуди богата опрема: ABS, ASR, ESP, 6 воздушни перничиња, автономно телематско куќиште за итни повици и специјален клима уред.




Стари коментари
Ne se znae.
Напишан од TaMaRa  пред  околу 123 месеци
Me interesira dali se znae koja ke bide cenata na voziloto i koga ke bide dostapno za prodazba vo Makedonija.
Напишан од Oli  пред  околу 123 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Премиерa



 
 
 
 






Одберете нов автомобил