Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Инфо > Infiniti го ангажира Себастијан Фетел како технички директор
 
Spodeli
01 April 2013, 20:32


Infiniti го ангажира Себастијан Фетел како технички директор  Infiniti го ангажира Себастијан Фетел како технички директор
Ако брендoт е настојчив во својата намера, соработката со Фетел би можела да им помогне да создадат перформанси што ќе придонесат Infiniti да се искачи нагоре, по скалата на чиј врв се наоѓаат големите конкуренти...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Во ноември минатата година за време на Ф1 американското гран-при, проструи информацијата дека Себастијан Фетел работел со Infiniti на новото G Coupe и дека таквиот негов ангажман ќе продолжи и натаму. Неодамна, трикратниот Формула 1 светски шампион и официјално беше именуван како технички директор на јапонскиот производител.

Иако станува збор за свежа информација, работниот ангажман на Фетел и не е некоја новост, со оглед на тоа што претставници на Infiniti им соопштија на медиумите дека Фетел веќе престојувал во Јапонија, но ги посетил и патеките Нирбургринг и Каталуња каде со неговите забелешки, значително помогнал за подобрување на перформансите на седанот Q50. 

Андреас Сигл, човекот кој во рамки на Ф1 шампионатот, е задолжен за соработката на Infiniti со Red Bull, за ваквиот ангажман рече:
 
„Како што Mercedes го има AMG и ние сакавме да имаме нешто во таа област. Ако брендoт е решен во својата намера, соработката со Фетел би можела да помогне во создавањето на перформанси што ќе овозможат Infiniti да се искачи нагоре по скалата, на чиј врв се наоѓаат големите конкуренти“.
 
Ништо чудно, набрзо да ја слушнеме и информацијата дека Фетел e подобар во исполнувањето на тимските задачи од Infiniti, отколку оние на Red Bull. 
 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Инфо



 
 
 
 






Одберете нов автомобил