Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ        ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Технологија > Ford нуди 50.000 долари за развој на софтверски апликации
 
Spodeli
29 March 2013, 20:21


Ford нуди 50.000 долари за развој на софтверски апликации  Ford нуди 50.000 долари за развој на софтверски апликации
Целта на апликациите ќе биде веродостојно да го покажуваат коефициентот на заштеда на гориво...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

На прес - конференцијата по повод саемот за автомобили Њујорк 2013, Џим Фарлеј шефот за маркетинг на Ford Motor Co, објави дека американскиот производител ќе стартува конкурс со цел да се пронајдат програмери за апликации, што би овозможиле корисниците преку своите мобилни телефони да ја надгледуваат потрошувачката на гориво.

Ford нуди награди во вредност од 50.000 долари и ќе отвори една од своите софтверски платформи со цел на неа програмерите да ги тестираат своите идеи.

Според Фарлеј, тврдењата за ниска потрошувачка на гориво, кои ги користат производителите со цел да ја зголемат конкурентноста на своите автомобили, само ги збунуваат и изневеруваат потрошувачите. Неодамна дури и Ford се соочи со сериозни обвинувања од страна на печатот и корисниците дека неговите хибридни модели не ја остваруваат гарантираната заштеда.

Компанијата во моментов работи на расветлување на таквите обвинувања и се обидува да издејствува автомобилите кои користат мотори со понова технологија, при утврдувањето на потрошувачката на гориво да бидат тестирани со поинакви методи од сегашните.

 

 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Технологија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил