Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Безбедност > Тест - кои се најдобрите летни гуми?
 
Spodeli
25 March 2013, 12:27


Тест - кои се најдобрите летни гуми?  Тест - кои се најдобрите летни гуми?
Потрагата по идеална смеса и конструкција за автомобилска гума веројатно ќе трае вечно, но секој познавач ќе ви каже дека идеалната комбинација за најжешкиот период од годината би бил модел со низок отпор на тркалање и максимална контрола врз суви и влажни површини...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Ваквиот модел останува да го чекаме бидејќи  во овој тест ниту еден тип на гуми не го заслужи максималниот скор од 5 ѕвезди, но помеѓу тестираните модели сепак имаше и такви кои покажаа многу добри резултати и добија силна препорака, па сигурно ќе го привлечат вниманието на секој возач кој го цени квалитетот кога станува збор за „обувките“ на милениците на четири тркала.

Гумите се разликуваат по својот состав и формата на шарите а овие две карактеристики најмногу доаѓаат до израз во зависност од температурата на околината и од површината врз која минува гумата. Зимските гуми се дизајнирани да дадат најдобри перформанси на температура под 7 степени Целзиусови и подобро реагираат на ниски температури и лизгави површини. Ако се користат при високи температури, брзо се трошат па токму затоа постојат и летни пневматици, кои ги покажуваат своите предности и квалитети во текот на летниот период (кога условите на патот се подобруваат).

185/60 R15H

Помалата димензија, 185/60 R15H, што се користи  на автомобили како Fiat Punto, Opel Corsa, Renault  Clio, Skoda Fabia и VW Polo оваа година донесе значителни подобрувања, особено на влажни површини. Четири ѕвезди заработија вкупно 9 модели (Michelin Energy Saver + 5, ContiPremiumContact Continental, Dunlop Sport BluResponse, Goodyear EfficientGrip, Sportrac Vredestein 5, Bridgestone Turanza t001, Nokian Line, Fulda EcoControl HP и Semperit Comfort-Life 2), кои се исклучиво препорачливи. Само четири модели (Pirelli Cinturato P1, Barum Brillantis 2, Kinergy Еcо Hankook K425, Firestone Firehawk tz300) покажаа минорни пропусти, главно на влажни површини и поради тоа добија понизок севкупен рејтинг - три ѕвездички. Позначајни недостатоци, тестирањето регистрираше кај два модела на автомобилски гуми (Nexen N Blue HD и GT Radial Champiro 228) кои на крајот поминаа само со делумна препорака, додека пак целосен дебакл забележаа четири модели (Kleber Dynaxer HP3, Marangoni Verso, Rotalla Radial F108, Sailun Atrezzo SH402) кои потфрлија на влажна површина и затоа заработија неприфатливи оценки.

Гумите со добиени четири ѕвезди се хомогени и ги задоволуваат сите безбедносни критериуми, но во одредени категории сепак се истакнуваат некои модели. Така, подобрената верзија на познатите Energy Saver од Michelin, се истакна со најдобар резултат во однос на издржливоста, притоа успешно изедначувајќи ги: квалитетот потребeн за долг живот на гумите и сигурноста на влажни површини, баланс кој очигледно не можат да го постигнат сите производители. Dunlop Sport BluResponse сe докажаа на влажни и суви површини, во што се приклучија и Goodyear EfficientGrip. Continental ContiPremiumContact 5 и новите модели од Dunlop и Goodyear постигнаа идентични резултати, па нивниот конечен пласман беше направен по азбучен ред.

Веднаш зад гумите од премиум сегментот, се рангирани оние со поприфатливи цени како Vredestein Sportrac 5, Bridgestone Turanza t001 и новите Nokian Line а во врвот на оваа класа се вклучија и моделите од Semperit и Fulda, кои се докажаа во кочењето на влажни површини. Ако го споредиме растојанието на сопирање помеѓу најдобриот (Semperit) и најлошиот (Sailun) модел, возачот кој има среќа да управува со возилото со Semperit гуми ќе застане 15 метри погоре, а во истиот момент возачот со Sailun гуми се' уште ќе се движи со брзина од 45 км / ч.

Нешто пониски резултати, со три ѕвезди постигнаа производите од Pirelli, Barum, Hankook и Firestone. Некои од нив сигурно очекувале подобар севкупен пласман, но строгите тестови за безбедност не признаваат ни најмала грешка. Pirelli Cinturato P1 покажаa минорни пропусти на влажна површина (свиоци и кружење на влажно), Barum Polaris 3 потфрлија на суво а Firestone Firehawk tz300 имашаа добри својства на сува патека, но слаби на влажнa, особено во поглед на контролата.

Интересно, победата во категориите за бесшумност и влијание врз потрошувачката на гориво им припадна на послабо пласираните кандидати во претходните категории, што е уште една потврда дека безбедноста и удобноста не секогаш одат рака под рака. Така, годинава најтивка гума во овој сегмент е GT Radial Champiro 228 која покажа ситни недостатоци на сува и многу покритични на влажна подлога. Кај влијанието врз потрошувачката на гориво најдобри беа гумите Nexen N Blue HD, но тие пак имаа одредени слабости на влажен коловоз и не покажуваа задоволителен  квалитет во однос на издржливоста.

225/45 R17W/Y

Во поголемата димензија 225/45 R17W/Y, што се користи кај покомпактни модели како Ford Focus, Opel Astra, Peugeot 307, VW Golf резултатите се исто така очекувани, со значително подобрување на перформансите за влажни подлоги. Во оваа димензија, седум гуми (Continental ContiSportContact 5, Goodyear Eagle F1 Asymetric 2, Dunlop Sport Maxx RT, Michelin Pilot Sport 3, Vredestein UltraCam Vorti, Hankook Ventus S1 Evo 2 и Semperit Speed-Life) го поминаа тестот со 4 ѕвезди, десет модели ( Apollo Aspire 4G, Bridgestone Potenza S001, Kumho Ecsta Le Sport KU39, Pirelli Cinturato P7, Yokohama C.drive 2, Falken Azenis FK453, Uniroyal Rainsport 2, Esa-Tecar Spirit UHP, Toyo Proxes Т1 Sport и Nexen N8000) се позиционираа во златната средина со три освоени ѕвезди, а само два модела (High Performer и Syron Race 1 plus) едвај добија задоволителна оценка која им овозможува само делумна препорака за користење.
 
Првите седум модели се со унифициран квалитет, а во целокупниот пласман ги нијансираат незначителни разлики, па токму од тие причини тешко е да се прогласи само еден победник во оваа категорија. Меѓутоа, сепак во мала предност се Continental и Goodyear. Continental на пример, се покажаа како најдобри на влажни површини и тоа во голем број на критериуми како што се должината на запирање и најдобрата странична контрола. Goodyear и Vredestein имаа најдобри перформанси на сува патека, но подолго растојание на запирање за разлика од споменатиот конкурент. На третото и четвртото место во димензијата 225/45 R17W/Y се позиционираа Dunlop (со најкратко кочење на сув пат) и Michelin, додека петтото место им припадна на Vredestein за веќе споменатите одлични перформанси на сува површина.
 
Најголем недостаток на кандидатите чии вкупни перформанси беа оценети со три ѕвезди е изведбата на влажни површини, на кои се „излизгаа“ дури 8 производители на автомобилски гуми. Кај Apollo и Kumhо се бара напредок во hydroplaning-от, а истото важи и за Pirelli P7 кои покажаа најголема издржливост и трајност. Bridgestone (кои се извонредни на суво) и Yokohama ќе мора да поработат на кочењето на влажни површини, а перформансите на Falken беа просечни во сите категории па токму поради тоа не ни можеа да добијат повеќе од три ѕвезди.
 
Нешто полошо од Falken  поминаа Esa-Tecar, Toyo и Uniroyal кои покажа недостатоци во однос на издржливоста, што исто така многу го чинеше и моделот на Nexen за кој тестирањето покажа дека би поминал  43% помала должина од најдобрите во оваа категорија. Најлош резултат во оваа димензија, со само делумна препорака и две освоени ѕвезди имаа High Performer и Syron, најмногу поради слабите резултати на влажни подлоги, но и двата производители најавија дека нивните модели кои ќе бидат достапни за купување во текот на 2013 година, ќе имаат подобри карактеристики од оние на тестирањето.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Безбедност



 
 
 
 






Одберете нов автомобил