Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Женева 2013 - McLaren P1 стана реалност
 
Spodeli
11 March 2013, 11:51


Женева 2013 - McLaren P1 стана реалност McLaren P1 Женева 2013 - McLaren P1 стана реалност
Дали статијава за McLaren P1 треба да ја започнеме со неговите перформанси или неговата цена? Со технички карактеристики или коњски сили? Со што и да почнеме, факт е дека третиот автомобил што го носи името на легендарниот Брус Мекларен е веќе пред нас....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Можеби најдобро би било доколку на самиот почеток споменеме дека лично Рон Денис, токму со ваков автомобил постави нов рекорд на патеката „Дансфолд“ (тест патека на Top Gear).  

Од компанијата McLaren при презентирањето на новиот супер – автомобил P1,  рекоа дека станува збор за модел кој ги победува сите бројки. Интересно е тоа што на саемот во Женева, Рон Денис изјави дека овој автомобил ќе го собори рекордот на патеката „Нирбургринг“ со време под седум минути. Останува да почекаме и да видиме...
 
Во секој случај, компанијата од Вокинг одлучи да обелодени уште неколку технички податоци за својот нов модел. Па така P1, 200 километри на час развива за помалку од 7 секунди, а за време од 17 секунди овој автомобил би требало да постигне брзина од 300 километри на час, што претставува резултат за 23% подобар од перформансите на легендарниот модел Ф1.
   
Максимална брзина на McLaren P1 e ограничена на 350 километри на час, а максималната  моќност на неговиот хибриден систем е 916 коњски сили (електричниот мотор развива 170 коњски сили). Просечната емисија на јаглерод диоксид во воздухот е помала од 200 грама на еден километар. 
 
 
McLaren P1 користи  P Zero Corsa гуми, кои се специјално дизајнирани за овој автомобил, со учество на Pirelli во целокупниот процес на развој на моделот. Активната аеродинамика исто така игра важна улога, така што при брзина од 240 километри на час се генерира воздушен потисок (downforce) од 600 килограми кој овозможува дополнително странично забрзување при возење по кривини.
 
Производител на кочниците е Akebono и истите вклучуваат дискови произведени по најнова технологија,  со мешавина на јаглеродни влакна и силициум (силициум диоксид), со цел да се постигне совршена отпорност на абење и врвна ефикасност.
McLaren ќе произведе вкупно 375 автомобили од моделот P1 а задоволството да поседувате еден од нив ќе треба да го компензирате со парична сума од 866.000 фунти (или околу 1 милион евра).




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил