Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Женева 2013 – Mitsubishi CA-MiEV вози 300 km само на струја!
 
Spodeli
07 March 2013, 14:43


Женева 2013 – Mitsubishi CA-MiEV вози 300 km само на струја! Mitsubishi i-MiEV Женева 2013 – Mitsubishi CA-MiEV вози 300 km само на струја!
Е ваков електричен автомобил ни треба! Новиот концепт на Mitsubishi може да помине 300 километри со едно полнење на батериите, што значи дека до од Скопје до Охрид може да се оди без застанување...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Тоа е постигнато благодарение на батериите кои имаат капацитет од 16 Kwh, како и одличната аеродинамика од 0,26 Cd. Доколку пак е потребно повеќе, благодарение на компактните батерии, од Mitsubishi велат дека лесно може да се вгради и мотор со внатрешно согорување, кој ќе ја продолжи автономијата откако ќе се истрошат батериите.

Автономијата од 300 km е вистинско освежување кај електричните автомобили, кои во моментов не можат да поминат ниту 200 со едно полнење. Од Mitsubishi велат дека CA-MiEV затоа е наменет и за возење надвор од градот, за разлика од досегашните електрични автомобили. А според нивните пресметки, просечниот европски возач поминува околу 300 km неделно, што значи дека може да се вози цела недела без дополнување!
 
Овој концепт нема да влезе во производство, но е најава за нов модел на i-MIEV, односно електричниот автомобил на Mitsubishi. Технологијата понатаму ќе се употреби и во други електрични автомобили на брендот.

Mitsubishi i-MiEV
 Цени и нивоа на опрема
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил