Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Женева 2013 – Alfa Romeo 4C од прво лице!
 
Spodeli
07 March 2013, 13:58


Женева 2013 – Alfa Romeo 4C од прво лице! Alfa Romeo 4C 2019 Женева 2013 – Alfa Romeo 4C од прво лице!
Малиот супер спортист на Alfa изгледа уште пожешко и подинамично во живо, благодарение на малите димензии. Само не очекувајте дека овие светла ќе стигнат до серискиот модел кој ќе се појави наскоро...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Alfa Romeo 4C е расно купе, со 1,75 литарски турбо бензинец поставен назад – средишно, како кај најуспешните спортски автомобили. Ова ветува исклучително добра управливост и возни својства на завидно ниво. 

Но, главната иновација се однесува на намалувањето на масата на целиот автомобил – купето нема да тежи повеќе од еден тон, а ќе има мотор од околу 240 КС! Перформансите ќе бидат исклучително жешки, односно забрзувањето до стотка ќе трае 4,5 секунди, додека максималната брзина веројатно ќе биде ограничена на 250 km/h. Стандардно ќе се вградува автоматски менувач со две спојки и седум брзини на пренос.
 
Моторот е од најновата генерација на турбо бензинци на производителот. Има зафатнина од 1,75 литри и 240 КС, извлечени благодарение на системот за директно впрскување, Multiair системот за управување со вентилите и нормално турбо полначот. Од Alfa велат дека моторот скоро и да нема турбо дупка и се однесува како голем, 3,0 литарски V6. Специјално за 4С, ќе биде изработен од алуминиум, наместо од сив лив, што ќе ја намали масата за цели 25 килограми.
 
 
Надворешните димензии ќе бидат мали, односно должината ќе изнесува под 4 метри, што ќе го стави 4С рамо до рамо со Lotus Exige. Целата каросерија пак ќе биде изработена од карбон фибер, нешто што досега беше резервирано само за најскапите, супер спортски автомобили. Како кај сите модели на Alfa Romeo, ќе биде понуден DNA селекторот за различни модови на возење, односно Dynamic, Natural, All Weather и Race мод цедење на максимумот од возилото. 
 
Цената на 4С, за моделот со 240 КС, ќе изнесува околу 65.000 евра. Подоцна треба да биде понуден и Stradale модел со 270 КС, кој ќе чини околу 80.000 евра. Во 2014 година, првата од производството, ќе бидат произведени 2.500 модели.

Alfa Romeo 4C 2019
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил