Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Женева 2013 – SsangYong Rodius не е веќе најгрдиот автомобил
 
Spodeli
07 March 2013, 13:47


Женева 2013 – SsangYong Rodius не е веќе најгрдиот автомобил Ssang Yong  Rodius - 2013 Женева 2013 – SsangYong Rodius не е веќе најгрдиот автомобил
Да се разбереме, новиот модел не е ниту којзнае колку привлечен, но од она што можевме да го видиме, ветува исклучително пространа и функционална кабина, по коректни цени...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Новиот изглед сега повеќе потсетува на некој кросовер, но нека не залажува тоа – Rodius е еден голем, класичен моноволумен, како својот претходник. Ќе биде опремен со 2,0 литарски турбо дизел со 153 КС и шест степен мануелен менувач, односно автоматски со пет степени.

Погонот ќе биде на задните тркала, додека со доплата ќе може да се добие и погон на сите тркала. Но, вистинскиот адут на новиот Rodius се крие во кабината, која ветува комфор за седум патници и супериорна функционалност. А, да, корејските инженери најавуваат и ултра удобно возење, на што посветиле многу големо внимание.
 
 
Кај нас, новиот Rodius треба да пристигне на есен годинава. Цените уште не ни се познати, но за очекување е да бидат драстично пониски во однос на конкурентите.




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил