Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА      НОВИТЕТИ       СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Македонија > Citroen C-Elysée пристигна по цена од 12.990 евра за дизел!
 
Spodeli
06 March 2013, 15:13


Citroen C-Elysée пристигна по цена од 12.990 евра за дизел! Citroën C-Elysee Citroen C-Elysée пристигна по цена од 12.990 евра за дизел!
Новиот седан на Citroen, кој е специјално развиван за пазари како нашиот, со особено внимание посветено на издржливоста, беше официјално претставен и на нашиот пазар...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Француски шарм, пространа внатрешност и голем багажник и сето тоа по цена од 10.490 евра, односно 12.990 евра за дизел моторот! Новиот C-Elysée цели да биде вистински бестселер на нашиот пазар!...

Citroën C-Elysée располага со целокупната техничка и стилистичка умешност на Citroën и ги задоволува очекувањата на клиентите кои се во потрага по стил и перформанси на еден троделен седан кој истовремено е привлечен и достапен. Ужива во експертизата на марката во смисла на поврзување со подлогата, квалитетот и технологијата на новиот мотор VTi 72 кој е спој на перформанси, контролирана потрошувачка и долговечност. Citroën C-Elysée е дизајниран за да ги исполни очекувањата на меѓународните пазари.
 
 
Однадвор, истовремено моќен и елегантен, C-Elysée го следи дизајнерскиот јазик на моделите на брендот, со детали позајмени дури и од DS премиум моделите. Троделната каросерија како да е дизајнирана со еден потег на перото – ниту една линија не е одвишок, се е на своето место. Citroën C-Elysée може да промени до 7 бои на каросерија, разубавени со различни хромирани додатоци зависно од ниво на опременост. Внатре командната табла е опшиена и во себе содржи декоративна лајсна пред совозачот напред, зависно од ниво на опременост.
 
Создаден специјално за пазарите како нашиот, C-Elysée е така дизајниран како би ги издржал полошите патишта и би поминал многу повеќе километри. За него, специјално е развиено ново потпирање, засилен е долниот дел на школката, а каросеријата добива посилно заварување. Сите овие подесувања гарантираат вистинско опстојување на Citroën C-Elysée. Дизајниран во Франција  и произведуван во Виго, Шпанија, тестиран со над 4 милиони километри низ целиот свет и во секакви услови на возење.
 
 
Citroën C-Elysée поседува надворешни димензии од : 4,43 m должина, 1,71 m ширина и  1,47 m висина. Меѓуоскино растојание од 2,65 m е најдолго во категоријата, со што нуди исклучителна внатрешна просторност. Просторот внатре е достоен за седан од повисока категорија како во должина така и во ширина (простор за нозете од 120 mm). Оваа просторност во ништо не и наштетува на зафатнината на багажникот: со капацитет од 506 л VDA, претставува еден од најголемите во сегментот. Овие перформанси му овозможуваат на Citroën C-Elysée да има улога на главно семејно возило.
 
Покрај оптимизирана удобност, Citroën C-Elysée сериски или во опција располага со модерна и интуитивна опрема за комфор, од типот на клима со дигитално прикажување, помош прои паркирање назад, регулатор и ограничувач на брзина или аудио систем со mp3 и Bluetooth. Богат избор на дополнителна опрема за да можат клиентите да го персонализираат однадвор своето возило со елегантни хромирани детали (рамки на магленките, на школките на ретровизорите или пак на издувната цевка), за заштита на каросеријата (транспарентна лајсна за заштита од удари, странични лајсни) и во внатрешноста (богати избор на патосници) за зголемување на товарниот простор (носачи на кров, куфер на кров). Во поглед на мултимедијата, вградени се ефикасни системи за навигација, аудио систем O’car, како и иновативна солуција за iPhone.
 
 
Кај нас, C-Elysé ќе биде достапен со два бензински мотори и еден дизел, во комбинација со три нивоа на опрема. Бензинците се со сила од 72 КС (1,2) и 115 КС (1,6), додека дизелот има 90 КС (1,6). Цените се движат од 10.490 евра за основниот модел, до 14.490 евра за дизелот со целосно ниво на опрема.
 

Citroën C-Elysee
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Македонија



 
 
 
 






Одберете нов автомобил