Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА        ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Саеми > Женева 2013 – Ferrari LaFerrari е новото Enzo со 963 КС!
 
Spodeli
05 March 2013, 13:01


Женева 2013 – Ferrari LaFerrari е новото Enzo со 963 КС! Ferrari LaFerrari * Женева 2013 – Ferrari LaFerrari е новото Enzo со 963 КС!
Ferrari конечно ни го покажа својот најбрз и најнапреден автомобил досега, кој има егзотично име, LaFerrari и хибриден погон со вкупна сила од 963 КС! А, да, чини преку милион евра!...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Моторот секако е V12, со зафатнина од 6,3 литри и сила од 800 КС, но сега е помогнат од електричен погон со 163 КС за вкупна, заедничка сила од 949 КС и вртежен момент од преку 900 Nm. Погонот е целосно преземен од F1, односно KERS системот, кој ја собира кинетичката енергија при кочењето, за потоа да ја искористи при забрзување... Нешто како нитро на струја.

Перформансите се вратокршачки – забрзувањето до стотка ќе биде под 3 секунди, додека забрзувањето до 300 km/h ќе изнесува неверојатни 15,5 секунди, што е за секунда и пол побрзо од моделот на McLaren, P1, кој исто така има хибриден погон и е директен конкурент на новото Ferrari. Максималната брзина ќе изнесува преку 350 km/h…
 
Да, можеби некому ќе му се чини малку, сепак Veyron оди и преку 400 km/h. Но, LaFerrari има аеродинамика развивана директно од F1 тимот, што значи ќе има неверојатно многу потисок на подлогата, повеќе дури и од многу тркачки автомобили. Во превод, што побрзо вози, тоа подобро ќе лежи на подлогата!
 
 
Нормално, менувачот е секвенцијален со седум степени и две спојки, најбрз во Ferrari досега, кочниците се карбон – керамички, каросеријата е целосно изработена од карбон – фибер. Всушност, најдоброто од Ferrari е вградено во секој детаљ. Во LaFerrari дури и возачкото седиште е поставено кон средината, како кај тркачките едноседи... А, да, возачката позиција и седењето се директно развиени од Алонсо и Маса...
 
Нормално, автомобил во чиј развој учествуваат најдобрите возачи на светот, не може да биде евтин. LaFerrari ќе чини преку милион евра, што пак не е повеќе од главниот конкурент, McLaren P1, кој има само 916 КС... 




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Саеми



 
 
 
 






Одберете нов автомобил