Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ВОДИЧ ПРИ КУПУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛ              КОРИСНИ АВТО - СОВЕТИ        СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ        ТОП 5
Насловна > Новости > Корисни Авто-Совети > Вистини и предрасуди околу моторните масла
 
Spodeli
20 December 2012, 12:12


Вистини и предрасуди околу моторните масла  Вистини и предрасуди околу моторните масла
Koli.com.mk ќе се обиде еднаш засекогаш да ги разјасни сите факти поврзани со моторните масла...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Многу сопственици на возила не се свесни колку проблеми може да предизвика користење на масло со неодговарачки квалитет. Често се жртви на предрасуди и незнаење. Преку следните неколку точки, Koli.com.mk ќе се обиде да разјаснаи неколку битни работи за моторните масла.

Предрасуда 1:

Мислам дека моторното масло кое го користам е доволно добро, затоа што досега не сум имал никакви проблеми со моторот. Затоа сметам дека нема потреба да трошам дополнителни пари за масло со поголем квалитет.



Факт 1:

Во краток период не е лесно да се види директно влијание на моторното масло на подмачкувањето и заштитата од трошење на виталните делови на моторот, иако лошо моторно масло веднаш предизвикува проблеми со корозија, создавање талог, трошење... Иако на почетокот, а понекогаш и подолго, не се гледаат симптоми на проблемите предизвикани од користење на лошо моторно масло, тоа не значи дека не постојат. Кога конечно ќе станат видливи, по правило е предоцна и стануваат нужни скапи поправки со цел да се доведе моторот во исправна состојба. Затоа е препорачливо секогаш да се избира најдоброто достапно моторно масло, според пропишаните спецификации. Штедењето на масло не се исплатува, а вложувањето во квалитетно масло е најисплатлива инвестиција за моторот на секој автомобил.

Предрасуда 2:

Во моторите на постарите автомобили, на кои им истекла гаранцијата, нема потреба од користење квалитетно моторно масло.



Факт 2:

Квалитетно моторно масло е подеднакво важно и за нови и за стари мотори. Всушност, за стари и делумно истрошени мотори препорачливо е да се користат масла со посебна спецификација (како масла со назнака Longlife, MaxLife и слично), кои го смалуваат трошењето и го продолжуваат векот на постарите мотори. Таквите масла го смалуваат ризикот на пропуштање масло и создавање талог, ја подобруваат компресијата и со тоа ги подобруваат перформансите и ја смалуваат потрошувачката на гориво.

Предрасуда 3:

Синтетичко масло е препорачливо да се користи само во новите мотори.



Факт 3:

Синтетичко моторно масло е препорачливо да се користи во нови и стари мотори, како и кај оние кој досега користеле минерално и полусинтетичко масло. Со тоа се смалува трошењето и се продолжува векот на секој мотор и истовремено се подобруваат перформансите и се смалува потрошувачката на гориво. Тоа е посебно важно кај мотори со турбо полнач, кои се топлински и механички значително пооптеретени од класичните. Турбополначот при работа се загрева над 900 Целзиусови степени и е важно да се користи потполно синтетичко масло, кое е поотпорно на високи температури од минералното или полусинтетичкото.

Предрасуда 4:

Моторните масла можат да создадат талози.



Факт 4:

Тоа е точно и баш поради тоа е важно да се користат моторни масла со висок квалитет, затоа што го разградуваат постоечкиот талог во внатрешноста на моторот и спречуваат создавање на нов. Талогот е по правило последица на дотрајаност и лошо одржување на моторот, а настанува од делување на несогорените остатоци на горивото, маслените пареи, прашина и кондензирана влага и со мешање на маслото со разладна течност. Квалитетно моторно масло има добри својства на неутрализирање и впивање на тие штетни супстанци, кои потоа се отстрануваат во филтерот за масло и се спречува создавање на талог и се осигурува квалитетно подмачкување на моторот во сите услови.


Предрасуда 5:

Интервалот на промена на моторното масло, пропишан од страната на производителот е преконзервативен, па без последици може да се продолжи.



Факт 5:

Интервалите на промена на моторното масло, пропишани од страна на произведувачот, треба строго да се почитуваат. Современите мотори, со високи притисоци и температурни согорувања, поставуваат се повеќе побарувања за моторни масла, а интервалите на промена непрестано се продолжуваат па кајновите автомобили изнесуваат од 20.000 до 30.000 km (во одредени случаи и повеќе). Поради тоа моторните масла треба да имаат врвни својства и се напрегнати до крајност, како би можеле да бидат искористени низ целиот интервал на користење. Проблем е и фактот што 80 проценти од километражата поминуваат во градски услови, со чести застанувања и палење и гасење на моторот. Возењето во зимски услови е посебно захтевно, затоа што при ладниот старт, моторот е најмногу изложен на трошење, а работната температура често се постигнува дури при пристигнување до одредиштето. Поради тоа пропишаните интервали на промена на моторното масло не смеат да се продолжуваат.

Предрасуда 6:

Состојбата на моторното масло може да се утврди врз основа на неговиот изглед, боја и мирис. Ако брзо потемни или поцрни, тоа не е добро.



Факт 6:

Тоа е потполно погрешно. Моторните масла имаат адитиви за чистење на внатрешноста на моторите и отклонување на талогот, кој потоа се упива во структурата на маслото, со минимално влијание на неговите темелни својства. Меѓутоа со тоа се менува бојата на моторното масло, кое кај дизелски мотор може да потемни и по само неколку часови работа. Тоа единствено значи дека моторното масло се стопило и во себе содржи честички саѓ и несогорени продукти на согорување и останати нечистотии. Честичките кои го отежнуваат подмачкувањето и го зголемуваат трошењето на виталните делови на моторот потоа се задржуваат во филтерот за масло и се отстрануваат од маслото. Дел од онечистувањето, во мали безвредни (кои не штетат) честички, се задржува во маслото, менувајќи му го изгледот. И покрај темната боја, која по некое време станува скоро црна, квалитетните моторни масла ги задржуваат сите важни својства од крајот на предвидениот интервал на користење.

Предрасуда 7:

Нов генерално поправен мотор треба да се разработи со недетергентно и несинтетичко моторни масло.



Факт 7:

Новата технологија на изработка на генерално поправање на моторот, осигурува негова потполно работни својства без разработување,туку со користење на пропишани моторни масла со висок квалитет. Повеќе не се пропишува маслата за разработување да несмеат да имаат адитиви за чистење, затоа што ситните метални честички веќе немаат улога на фино полирање на лизгачките плочи за разработување на моторот. Затоа моторното масло ги чисти од површината и пренесува до филтерот за масло каде се таложат. Од почетокот на работниот век на моторот, не само што може туку и препорачливо е да се користи потполно синтетичко моторно масло. Со тоа се осигурува квалитетно подмачкување на сите витални делови на моторот, посебно во отежнати услови и ниски и високи температури.

Предрасуда 8:

Повискозните, односно 'подебелите' моторни масла се подобри за моторот и му го продолжуваат векот.



Факт 8:

Тоа не е точно, а се поинтензивниот развој на технологиите на мотори и моторни масла го укажуваат спротивното. Главна причина поради која производителите на моторни масла се повеќе пропишуваат помалку вискозни, односно 'тенки' моторни масла е смалување на внатрешниот отпор во моторот, што ја зголемува неговата ефикасност и ја смалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Маслата со пониска вискозност го смалуваат триењето во внатрешните контактни витални склопови, а истовремено помалку механичка енергија се троши за пумпање на маслото во тесните канали, лагерите и внатре во моторот. Моторните масла со пониска вискозност посебно се важни за олеснување на покренувањето на моторот на ниски температури и брзо воспоставување на квалитетно подмачкување во тие исклучително тешки услови. 'Потенкото' масло, на пр. 5W-30, побргу струи низ моторот и за пократко време доаѓа до сите тријачки контакти, односно места кои треба да бидат подмачкани, со што се смалува трошењето на виталните делови на моторот и се продолжува неговиот век. Пропишаната вискозност на маслата е резултат на долгогодишни испитувања и многу зависи од конструкцијата на моторот. Низ долготрајно и темелно истражување конструкторите утврдуваат што е најдобро за ефикасноста и долговечноста на моторот. Додека еден производител пропишува распон на вискозитетот 10W-40, друг пропишува 5W-30. Тоа е директно поврзано со толеранициите внатре во моторот, искуствата од тестирања и останатите карактеристики на моторот, на што треба секој сопственик на автомобил строго да се придржува.

Предрасуда 9:

Потполно синтетичките моторни масла се прескапи.



Факт 9:

Тоа не е точно. Тестовите и искуствата во одржување на мотори покажуваат дека потполно синтетичките моторни масла имаат значително подолг интервал на промена, помалку се подложни на трошење и ја смалуваат потрошувачката на гориво.Истовремено го смалуваат абењето на виталните делови на моторот и му ја продолжуваат трајноста. Сето тоа повеќекратно ја надокнадува повисоката цена на синтетичките моторни масла и ги прави поисплатливи од несинтетичките. Во поголемиот дел од развиените европски земји, користењето на потполно синтетички масла е во непрекинат пораст, затоа што сопствениците на возилата првенствено водат сметка за перформансите и долгорочната заштита на моторот, а помалку за цената на моторното масло. Како се развиваат се позахтевните мотори со директно вбризгување на гориво, се зголемува и захтевноста на процесот на подмачкување, што можат да го исполнат само врвни потполно синтетички моторни масла.
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Корисни Авто-Совети



 
 
 
 






Одберете нов автомобил