Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ПРОНАЈДИ НОВ АВТОМОБИЛ        НАЈНОВИ МОДЕЛИ        НАЈПОПУЛАРНИ       ТЕСТ       ПРЕМИЕРА       ВОЗЕВМЕ       СПОРЕДБИ       САЕМИ        ИДНИ МОДЕЛИ
Насловна > Новости > Возевме > Престиж, квалитет и врвно возачко доживување
 
Spodeli
17 November 2009, 22:23


Престиж, квалитет и врвно возачко доживување Citroën C3 - old Престиж, квалитет и врвно возачко доживување
Градот Рим беше местото каде Citroen се одлучи на светот да му го покаже автомобилот кој треба да биде предводник на генерацијата Citroen автомобили со ново лого – кое во себе ја носи симболиката на квалитет, престиж и робуснот....
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Она за што фрацуските инженери особени се грижеа при самата конструкција на новиот C3 беше идејата да произведат уникатен автомобил, кој освен со сопствен идентитет, на купувачот во серија ќе му понуди и многу стил и врвен квалитет, досега невиден во класата.
 
Велат, жените и автомобилите мора да се пробаат за да се види какви се вистински. За среќа, имавме можност да го пробаме новиот C3 на рута од околу 350 километри во околината на Рим. Првите впечатоци апсолутно се во согласност со намерите на компанијата, благодарение на што се очекува автомобилот да оствари една амбицниозната цел и да го наследи успешниот претходник кој веќе е продаден во преку 2 милиони примероци, а кој беше наследник на уште еден ултра-популарен мал автомобил – Saxo.
 
 
Дигитален прототип
 
Citroen-овата креативна технологија конструираше необично интелигентен производ, применувајќи за првпат метод за развој на автомобил со целосно дигитален прототип, креирајќи многу дигитални прототипови, уште во раната фаза на развој, благодарение на што сите инволвирани во проектот (дизајнери, инженери итн.) имаа можност многу поактивно да бидат вклучени во целиот процес на развој, што придонесе да се добие автомобил кој има многу простор во внатрешноста, притоа задржувајќи се во рамките на компактни надворешни димензии, што секако резултира со задоволување потребите на различни типови на возачи.
 
Дизајн
 
C3 во своите гени ги задржува заоблените и меки линии од порано, но неговиот стил добива на динамичност со помош на нови, поаеродинамични линии, кои сега се комбинирани во еден помускулест дизајн. Од Citroen се најавува дека ќе бидат достапни вкупно десет бои за избор, повторни оригинални и необични, а сепак симаптични, каков што прочем е и самиот C3. За одбележување е и извонредниот коефициент на отпор на воздухот од само 0,30 Cd
 
 
Повторно револуционерно решение
 
Citroen уште еднаш ја демонстира својата супериорна креативна технологија, видена веќе 90 години наназад, повторно имплементирајќи решение кое е за прв пат видено во авто-индустријата. Она на што во иднина ќе се гордее и самиот C3, но и неговите сопственици е големото Zenith ветробранско стакло, коe се простира речиси до половина кров, над главите на патниците на предните седишта.
 
Не толку поради тоа што е оригинално, туку заради неговата функционалност - ваквото решение овозможува визуелно чувство на простор и многу светлина во кабината, целосно оправдувајќи го слоганот VISIODRIVE. За да биде целосно во духот на Citroen, освен оригиналноста и функционалноста, ваквиот пристап донесе многу стилски дизајниран кров, кој сега наместо да биде дел од конструкцијата на самиот автомобил, впрочем е дел од предното ветробранско стакло. Да не бидеме изненадени доколку конкурентите во иднина и го копираат ова!
 
Како и во секој друг Citroen, особено е присутно чувствово на пространост, нешто што секако недостасува кај BMW серија 1 или Audi A3 на пример, автомобили во чија класа ќе се смести премиум моделот на C3 – моделот DS3, кој се очекува на почетокот на наредната година. 
 
Сега, возачот и совозачот во C3 ќе имаат аголот на видливост нагоре од неверојатни 108 степени, за разлика од стандардните 30-тина степени кај останатите автомобили, а дополнително е затемнет задниот дел од стаклената површина на кровот, во услови кога би имало премнигу силно сонце, постигнувајќи на тој начин компромис помеѓу заштитата од сонце и влез на светлина во кабината.
 
Ентериер
 
Интерено, французите повторно конструираа несиметрична изведба на предната конзола, типично за Citroen, но сега со инструмент табла која има два аналогни инструменти и еден дигитален LED покажувач, и арматурна плоча кои заедно со управувачот доловуваат особено спортски дизајн. Уште при првиот контакт со автомобилот, веднаш се забележува дека ентериерот е составен од квалитетни материјали од висока класа, комбинирани со темно сиви мат елементи и нагласени алуминиумски детали, но и со фантастична изведба на управувачот - класично спортски.
 
Дел од опремата е и можност за избор и подесување на интензитет на мирис
 
Повисоките нивоа на опрема кај новиот C3 вклучуваат и навигацики уред, кој особено ни користеше тестирајќи го автомобилит на рута од околу 350 км, во околината на Рим. C3 е опремен и со софистицирана опрема – високо квалитетени. HiFi уред со woofer, hands-free Bluetooth, USB приклучок, но и потенциометар за изор и подесување на интензитет на мирис во автомобилот.
 
Во понуда ќе биде и сензор за дожд, како и за светлина, за автоматско вклучување. Очигледно, Citroen прави се, само да обезбеди екстремно високо ниво на луксуз за сите во автомобилот, иако се работи за мал автомобил.
 
Простор
 
Внатрешноста на C3 нуди високи 13 литри капацитет на простор наменет за одлагање на ситници, но уште познајачно е како просторот во целата кабина е организиран. Делот од предната конзола кај совозачот е повлечен кон предниот дел на автомобилот, овозможувајќи многу простор за совозачот и патникот позади него, а дополнителни се подигнати и предните седишта, што за патниците позади овозможува простор за нозете под предните седишта, нешто што на пример недостасува дури и кај некои автомобили од две класи погоре (пример: Renault Laguna). Со право Citroen ја користи фразата “интелигентна архитектура”
 
Дополнително, со волумен од 300 литри, C3 се наоѓа пред речиси сите конкуренти во класата (Clio (288), Corsa (285), Fiesta (281), Polo (280), Grande Punto, 207…)
 
Намалување на масата
 
Oд Citroen ја истакнуваат намалената маса на возилото, нешто слично со Mazda 2 конкретно, a спротивно на трендовите на раст на автомобилите. Факт кој тесно е поврзан и со намалена потрошувачка и со подобрени возни својства, а на кој се горди од PSA групацијата, особено кога ќе се погледне листата со тежина на автомоболите, каде e новиот c3 се наоѓа на врвот (потешки од него се и 207, и Clio, и Grande Punto, Fiesta, Corsa… речиси сите значајни автомобили во класата).
 
Втората половина на слоганот VISIODRIVE.
 
Со нова задна суспензија, која сега е полесна за 30кг и која носи поголемо растојание помеѓу задните тркала, Citroen C3, (инаку поставен на платформа на Peugeot 207) ќе има речиси загарантиран успех кај сите кои бараат управлив и стабилен автомобили, со многу директно и прецизно управување - што асоцира на многу забава во возењето, нешто што вистински недостасуваше кај претходникот, особено заради надворешните димензии, но и заради податокот што 207 веќе собра бројни светски награди за возни својства, но и онаа главната награда – од купувачите, благодарение на кои се наоѓа на првото место во Европа по продажба во својата класа.
 
Иако голем одвнатре, C3 e помеѓу најкратките во класата
 
Во поглед на димензиите, новата С3-ка е за 12 cm подолга од старата (сега 3,94 cm) и за 5 cm поширока (1,71 cm), но се уште е помеѓу најкратките автомобили во класата (од Clio, Corsa, Fiesta, Grande Punto, 207…), благодарение на што овозможени се возни својства карактеристични само за најдобрите во класата, а секако и минимална потрошувачка, но и многу леснотија при паркирањето, на што особено би се израдувале дамите возачи, кои впрочем во голем број се сопственици на актуелната C3-ка.
 
Мотори
 
Понудата на мотори ќе ја сочинуваат по 4 бензински и дизели. Бензинските со зафатнина од 1.1, 1.4i, VTi 95 и VTi 120, сите со 5-степен мануелен менувач, а дизелите со 70, 90 и 110 КС, дел од нив со коефициент на загадување на воздухот под границата од 100 (99g/km), автомобили за кои во Париз на пример, има и бесплатен паркинг, во центарот на градот.
 
За економичноста на HDI моторите нема што да се каже, поминати се многу километри, и потрошени многу зборови и многу малку литри гориво. Очекувањата се дека дизелите ќе паднат и под границата од 4 потрошени литри на 100 км. Она што пријатно не изненади е бензискиот 1.6 VTi мотор со 120 КС, мазен, со тивок, но и резок спортски звук и особена еластичност.
 
Безбедност
 
Високото ниво на стабилност и управливост, посебно во услови на нагло избегнување на препреки и силно кочење се главните фактори за зголемено ниво на безбедност. Првичното тест возење не увери во значително подобрените сопирачки, а за секој случај, уште во основниот модел ќе се вградуваат по минумим 4 воздушни перничиња. Интересно, иако навидум не изгледа така, големата стаклена површина преку кровот на краш тестовите помина исто како верзијата на автомобил без големо предно ветробранско стакло.
 
Иднина
 
Citroen за 2010-та најавува Stop&Start систем од втората генерација, но и 6-степен менувач. Покрај скоро промовираниот C3 Picasso, и многу актуелниот C1, Citroen на почетокот на наредната година ќе го лансира и првиот вистински премиум модел – DS3, а подоцна е цабрио изведбата на C3 со што ќе ја заокружи гамата на автомобили во таканаречениопт B сегмент, кој учествува со 38% од продажбата на сите патнички автомобили во Европа. За пофалба е податокот дека автомобилот ќе се произведува исклучиво во Франција, а планот е во првата година да бидат продадени околу 220.000 автомобили.
 
Цени
 
Најавите се дека почетните цени во Франција ќе бидат околу 12.900 евра за основниот модел, па се до нешто под 22.000 Евра за најопремениот 1.6 VTi со 120 КС. Слични цени треба да се очекуваат и кај нас. Автомобилот се очекува да пристигне во Македонија во Април 2010-та.
 
За кого е наменет
 
Се чини, новиот C3 ги има сите адути за борба – би го посакале и оние со фамилијарни потреби, и дамите секако, а сега и оние кои сакаат динамика при возењето и врвно возачко доживување. Ние веќе се уверивме во тоа.
 
Редакцијата на koli.com.mk особено е наклонета кон автомобили кои имаат препознатлив стил, кои овозможуваат подинамично возење со докажани мотори со мала потрошувачка, а кои сепак носат многу универзалност во себе. Практично, се што може да се посака од еден автомобил во ракмите на 12-13 илјади Евра, особено заради доверливоста што ја носи двојниот шеврон напред.
 

Citroën C3 - old
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
JOco e eden golem tapoglavec
Напишан од JOco e eden golem tapoglavec  пред  околу 96 месеци
Престиж? Ве молам објаснете ми што може да биде престиж во еден мал француски автомобил. Знаете ли Вие што значи зборот "престиж"? Зборот престиж е тесно поврзан со зборот "статус". Па од таму Ве молам да ми објасните ако Ц3 е престиж тогаш што е Ц5? Значи ли тоа дека Ц5 е подолу од Ц3? Убаво е да користите литература но постои и "Вујаклија" каде прецизно секој збор е протумачен. Тапоглавци.
Напишан од Joco  пред  околу 106 месеци
da zatoa jas koga bev vo salon za 11 000 evra go davaat so ful oprema so 1,4 motor vredi 12 000 ama ti spustaat 1000 za kes taka da imas i bandas i klima i elektrika limitator na brzina radio pa za 11 000 mislam so da bidi pojce
Напишан од ratkapna  пред  околу 107 месеци
Во глобала тестовите ви се тапа.Ако стварно ги тестирате дајте податоци за забрзување,меѓузабрзување,кочење(ладни-топли),реална потрошувачка во град и отворено,како се однесува на угорнини,на автопат.Вие само ни давате каталошки вредности помешани со ваше лично мислење,дали вам ви се допаѓа или не.Вие треба да ни презентирате бројки и факти за пореално да добиеме слика за возилата.
Напишан од Giugaro  пред  околу 107 месеци
Tambura
Напишан од tock  пред  околу 108 месеци
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 2
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Возевме



 
 
 
 






Одберете нов автомобил