Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  МАКЕДОНИЈА       НОВИТЕТИ      СУПЕР-АВТОМОБИЛИ      КОНЦЕПТИ      ХИБРИДИ     НАГРАДИ      ТЈУНИНГ     БИЗНИС      БЕЗБЕДНОСТ      ЗАНИМЛИВОСТИ
Насловна > Новости > Новитет > Citroën Créative Awards: ваша Smartphone апликација
 
Spodeli
19 December 2012, 11:39


Citroën Créative Awards: ваша Smartphone апликација  Citroën Créative Awards: ваша Smartphone апликација
Апликацијата има за цел што е можно повеќе да го олесни животот на возачите...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

По успешните изданија во 2010-та и 2011-та година, Марката го започна третото издание на Citroën Créative Awards (www.citroencreativeawards.com). Креативен натпревар отворен за целата јавност, ќе овозможи секому да ја искаже целата своја имагинација. Овој пат темата е Поврзувањето, ова трето издание ги поттикнува учесниците да креираат Smartphone апликација на иднината која ќе им го олесни животот на автомобилистите. Подготвени сте за овој предизвик?

Затоа што паметните телефони се дел од нашето секојдневие, затоа што дигиталните апликации гарантираат најголем број на услуги, и затоа што автомобилот, производ на подвижност, денес мора да биде конектиран, оваа година Марката ве поканува на Citroën Créative Awards (www.citroencreativeawards.com) да креирате нова страна во историјата на CITROËN во поглавјето на конкектирани услуги. За таа цел, треба да одговорите на ова прашање :

Кои иновативни Smartphone апликации си ги замислувате за да го олесните возењето и вашиот живот како автомобилист?

За да одговорат на ова прашање, учесниците треба да имаат "неограничен" пристап до сите информации кои можат да се употребат за едно возило (брзина, потрошувачка на гориво, геолокализација, камера, итн.) и други поврзани информации (продажно место, одржување, дијагностика, сообраќај, итн).



Натпреварувачкиот дел ќе трае до 10-ти февруари 2013-ти, а потоа интернационално жири ќе одреди тројца лауреати и интернет посетители кои исто така може да гласаат за “јавната награда”.

Цел : поттикнување на креативноста и пронаоѓање на таленти. Повеќе од кога и да било, ќе се почитуваат идеи кои се амбициозни но сепак верни на духот “Créative Technologie” на Citroën!

Ќе се наградува (на англиски или на француски) :
-    Наслов на апликацијата на Smartphone
-    Концизна идеја
-    Шема, илустрација или визуелен приказ со објаснување и легенда
-    Детален опис на креацијата (1000 карактери макимсимум)

7 члена жири комисија :
-    Arnaud de Lamothe, Директор на маркетинг Citroën
-    Jean-Marc Finot, Директор за иновации на PSA Peugeot Citroën
-    Jean-Marc Tasseto, Директор на Google France
-    Xavier Degon и Antonin Guy, Авантуристите од Електричната одисеја 
-    Liu De, основоположник и директор на дизајн на Xiaomi Corp. (кинески претставник на жири)
-    Luke Peters, Издавач на магазинот T3 (англиски претставник на жири)
-    Karine Israel, CEO од Ydreams São Paulo (бразилски претставник на жири)

Награди  :
-    1ва награда : 10 000 €
-    2ра награда  : 2 000 €
-    3та награда : 1 500 €
-    Награда од јавноста : 1 500 €

За повеќе информации на www.citroencreativeawards.com
 





Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Новитет



 
 
 
 






Одберете нов автомобил