Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ       ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Историјат > Временска машина: историјата на Ford Focus
 
Spodeli
13 December 2012, 11:39


Временска машина: историјата на Ford Focus Ford Focus Временска машина: историјата на Ford Focus
Еден од најпопуларните хечбек автомобили на денешницата, и нема којзнае колку долга традиција...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Henry Ford во 1902-рата година ја основаше компанијата Ford, благодарение на 28.000 долари почетна инвестиција, собрана од страна на дури дванаесет инвеститори. Тој имал 40 години кога е отворена првата фабрика на Ford во Детроит.

Иако во почетокот се произведувале повеќе модели – Model A, Model K и Model S, сепак Model T е автомобилот од огромно значење за Ford, кој со неговите почетоци во 1908-ма година, буквално го “зацементира” статусот на Ford како еден од најголемите светски автомобилски производители.

Доверлив, практичен и достапен – се основните описни црти на историскиот Model T, кој беше произведен во масивни (за тоа време) 200.000 примероци.

До денес, Ford го задржа тој статус на еден од најголемите светски производители, иако, за волја на вистината, денес има мали проблеми. Впрочем, тоа е и случај со сите денешни автомобилски производители, со оглед на економската криза која ја тресе Европа, па и светот.

Како една од најиновативните компании, на која се препишуваат многу технолошки решенија во последните неколку години, би ги издвоиле EcoBoost моторите, кои се вградуваат во новиот Focus, покрај останатите модели.

Focus е автомобилот кој е значаен за нас. Седум генерации и повеќе од 9 милиони примероци продадени ширум светот, по лансирањето на првиот Ford Focus во 1998-ма година.

Одиме со ред.

Ford Focus (1998-ма до 2001-ва година)



Хечбекот на Ford беше претставен во концептно руво, за прв пат на саемот во Женева. На изглед, влечеше корени од тогашниот Ford Ka модел, но далеку, далеку покомпактно и попривлечно. Новитетите кои ги понуди на пазарот беа комплетно ново потпирање, комплетно независно Multi-Link потпирање на задната оска, како и одлични возни карактеристики, со што се промовираше во сериозна закана за “кралот” на компакт класата – во тоа време, VW Golf и неговата четврта генерација. Focus беше достапен со седум различни мотори, од кои четири бензински (со зафатнина од 1.4, 1.6, 1.8 и 2.0 литри), како и три верзии на дизел моторот со зафатнина од 1.8 литри.

Ford Focus (2001-ва до 2005-та година)



Доколку се исклучи иновативната технологија применета кај бензинските мотори, што значеше дека оваа, втора генерација на Focus може да се вози и на бензин, и на биоетанол, во суштина се работеше за редизајн на моделот – однадвор и однатре. Иако технолошки не понуди ништо ново, Focus беше ревидиран во делот на предните светла и предниот браник, а во понудата за првпат се најде и навигационен систем, автоматска клима и нови седишта. Моторите – понудата останува иста. Бензинци со зафатнина од 1.4 до 2.0 литри, и дизели со зафатнина од 1.8 литри, но различна моќност.

Ford Focus (2004-та до 2008-ма година)



Карактеристично за овој автомобил е примената на комплетно новата C1 платформа, развивана во соработка со Volvo. Истата најде примена, покрај кај Focus, во автомобили како Volvo S40, V50 и C70, Mazda 3, како и Ford C-MAX, како дел од глобалната програма “Ford Shared Technologies”. Потпирањето остана исто како и кај првата генерација, сè разбира, со одредени унапредувања и подобрувања, со цел да се прилагоди на модерното време. Најголемата промена, покрај во изгледот, се случи кај големината на возилото. Понудата на моторите остана воглавно иста, со тоа што 1.8-литарскиот бензинец е исфрлен од понудата, а за таа сметка се додадени 1.6-литарски и 2.0-литарски дизел агрегати.

Ford Focus (2008-ма до 2010-та година)



Овој модел претрпе сериозна “шминка”, споредено со претходната генерација. Во согласност со Kinetic Design политиката на Ford, овој модел имаше акцент на аеродинамичноста. Механичките промени се состоеја од понуда на комплетно нов Power Shift пренос со двојна спојка (нешто слично со оној DSG менувач на VW), како и нов дизел агрегат – 2.0-литарски Duratorq TDCi со 110 КС. Кога сме веќе кај моторите, бензинците беа застапени од 1.4-литарски, 1.6-литарски и 2.0-литарски агрегати, додека дизелската понуда, покрај овој нов мотор, ја сочинуваа две варијанти на 1.6-литарскиот TDCi мотор.

Ford Focus (2011-та до денес)



Официјално презентирана како трета генерација, и покрај тоа што е лансирана како петта, новиот Focus за прв пат беше претставен во Европа на Женевскиот авто-саем во 2010-та година, додека во продажба беше пуштен на почетокот од 2011- та година. Главна карактеристика на оваа генерација е фактот што дури 80% од компонентите на автомобилот не се разликуваат, vis a vis различните светски пазари. Тоа значи дека, пример Европската верзија, е многу слична со верзијата наменета за Американскиот пазар. Оваа е уште една доблест на Ford, затоа што некои производители користат сосема различни брендови за исти автомобили на различни пазари (пример Opel – Vauxhall, Honda – Acura и сл.) Со оваа генерација на Ford, своето деби го имаа и популарните и екстремно моќни EcoBoost мотори, со зафатнина од 1.6-литри и моќност од 150 КС и 180 КС, а од понудата беа исфрлени 1.4-литарските мотори. Остануваат 1.6-литарските и 2.0-литарските бензинци, додека во понудата на дизел мотори, изборот е помеѓу 1.6-литарски и 2.0-литарски, со различна моќност.
 


Ford Focus
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Историјат



 
 
 
 






Одберете нов автомобил