Почетна страница Контакти Маркетинг Инфо
дома home avtomobili kola koli нови автомобили avtomobil kola koli половни avtomobil kola koli тестови avtomobil kola koli видеа avtomobil kola koli фотографии avtomobil kola koli форум avtomobil kola koli
  ТЕМА        КОЛУМНА        ТЕХНОЛОГИЈА       ИНТЕРВЈУ       ИСТОРИЈАТ       ФОТО НА ДЕНОТ        ИНФО       ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ        ВИЕ КАЖАВТЕ
Насловна > Новости > Историјат > Времеплов: VW Golf е веќе 38 години компакт бр. 1
 
Spodeli
06 December 2012, 14:04


Времеплов: VW Golf е веќе 38 години компакт бр. 1 Volkswagen Golf VII Времеплов: VW Golf е веќе 38 години компакт бр. 1
Погледнете како изгледа историскиот развој на еден од најпродаваните автомобили на сите времиња...
fotografii фотографии Види фотографии komentari коментари Напиши коментар

Кога ќе речеме “еден од најпродаваните”, тоа го поткрепуваме со 29 милиони продадени примероци и (веќе) седум генерации на компактот на VW, Golf.

Vo 1974-та година, од производната лента се “истркала” првиот Golf, кој беше инстант хит на пазарот.

Погледнете како изгледа историјатот на VW Golf, подетално.

Одиме со ред.

1.    VW Golf (1974-та до 1983-та година)



Ова е зачетокот, ова е “Genesis” – првата генерација на VW Golf, која беше лансирана во 1974-та година, оригинално е планирана за замена на тогашната популарна “Буба” (овој факт е релативно малку познат). Со годините на производство (до 1983-та година), Golf I доби неколку верзии, помеѓу кои, сè разбира се GTI изведбите, како и подоцнежните дизел варијанти. Првиот Golf беше достапен со три бензински (1.1-литарски, 1.3-литарски и 1.5-литарски) и со еден дизел агрегат (1.6-литарски).

2.    VW Golf II (1983-та до 1992-ра година)



Втората генерација на VW Golf се појави на пазарот во 1983-та година. Базиран на првата генерација, понуди само мал број на новитети, како однадвор, така и однатре. Како и да е, иако официјалното производство заврши во 1985-та година, сепак Golf II се продаваше до 1992-рата година, благодарение на мал фејс-лифт кој беше лансиран од страна на Германците. Што се однесува до моторите, Golf II беше достапен со три бензински и два дизел мотори. Бензинците беа со зафатнина од 1.3, 1.6 и 1.8 литри, додека дизелите со иста – 1.6-литарска зафатнина, со таа разлика што помоќната верзија имаше и турбо.

3.    VW Golf III (1992-ра до 1997-ма година)



Третата генерација на Golf, која иако се продаваше како нов модел, сепак беше малку поголем фејс-лифт на втората генерација (тренд што се задржува и до ден денес). Естетските промени беа видливи, но не и радикални. Она што го понуди Golf III, како новитет се новите мотори. Имено, за прв пат TDI мотор е вграден во еден Golf, токму во оваа, трета генерација. Првенец караван Golf исто така беше лансиран за време на производството на Golf III. Моторите – палетата е неверојатно проширена, на избор од дури осум бензински (со зафатнина од 1.4 до 2.9 литри и моќност од 60 КС до 190 КС) и пет дизел агрегати, сите со 1.9-литарска зафатнина, но со различна моќност и начин на испорачување на истата (“обичен” дизел, SDI и TDI).

4.    VW Golf IV (1997-ма до 2003-та година)



VW Golf IV, според нас, е најслабата алка во синџирот наречен Golf. Не понуди речиси ништо ново – повторно, базиран на третата генерација, со ситни козметички измени. Поголемите промени (иако, не револуционерни) се случија повторно кај погонските единици. Моторите, беа достапни во дијапазон од девет бензински и седум дизел мотори, со зафатнини од 1.4 литри до 2.8 литри (кај бензинците) и, повторно, само 1.9-литарски дизели.

5.    VW Golf V (2003-та до 2008-ма година)



Петтата генерација е основата на оној Golf, кој го познаваме во денешно време. Во ист стил – само мали промени во изгледот. Што се однесува до екстериерот, она што останатите го нарекуваат редизајн, VW го нарекува нов модел. Но, како и да е, за прв пат, тука беа претставени модерните TSI бензински мотори. Кога сме веќе кај нив, бензинците беа достапни со зафатнини од 1.4, 1.6 и 2.0 литри со различен дијапазон на моќност, додека дизелите беа претставувани од стандардните 1.9-литарски, и новите 2.0-литарски мотори.

6.    VW Golf VI (2008-ма до 2012-та година)



Можеби најмалите естетски измени во однос на една претходна генерација, ги “претрпе” 6-ката, во однос на 5-ката. Кога сè ќе се земе во предвид, шестата генерација на Golf ќе биде запаметена по новиот DSG менувач со двојна спојка, кој за прв пат беше претставен во оваа, претпоследна генерација. Истиот можеше да биде спарен со мотори, кои споредено со претходниците, беа во многу мал број и со многу мала можност за избор. Истите беа достапни со зафатнина од 1.2 и 1.4 литри кај бензинците и 1.6 и 2.0-литарски кај дизелите.

7.    VW Golf VII (2012-та до денес)



Иако може да звучи и необично – година на производство, 2012-та до денес, седмата генерација на Golf беше промовирана неодамна. Истата, иако, во стил на VW, не носи многу новитети во надворешниот изглед, носи најмногу промени во технологијата и внатрешноста. Новата MQB платформа, на која се базира новиот Golf, придонесе за намалување на масата на возилото за 100 килограми, што значеше зголемување на ефикасноста за 23%. Заслуга за тоа припишуваме и на унапредените мотори, кои се со иста зафатнина како и кај 6-ката, и кај бензинците, и кај дизелите. 

Иако, како што може да се види, носи многу малку новитети со секоја нова генерација, неспорен е успехот на VW Golf низ годините.
 


Volkswagen Golf VII
 Цени и нивоа на опрема
 Дополнителна опрема (*. Pdf)
 Краток опис
 Фотогалерија
 Видео




Стари коментари
   
КОМЕНТАРИ - СТРАНА  1 од 1
 



Нашата редакција остро се противи на верски, расистички и национални коментари. Сите непристојни коментари ќе бидат отстранети.

Целосна архива на текстови од Историјат



 
 
 
 






Одберете нов автомобил